Samsung Galaxy S5 можеби ќе има поголем 5,2 инчен екран и ќе биде поевтин од претходниците

во Мобилни, Хардвер

Samsung Galaxy S5, новиот и нестрпливо очекуваниот наследник на, според многумина, најдобриот Galaxy S4, можеби ќе има поголем екран, ќе биде поевтин и ќе има подобра камера. Според различни сајтови, Galaxy S5 ќе има појасен 5,2 инчен екран, а можно е да биде направен од алуминиум. Ако Samsung сака да покаже дека може да дизајнира прекрасен телефон, тогаш сега e вистинското време да се замени пластиката на старите Galaxy модели со алуминиум кој што го користат конкурентите Apple и HTC.

Во исчекување на настанот Unpacked 5 кој е закажан за 24-ти февруари, на кој ќе биде преставен S5, интернетот шпекулира дека уредот ќе има и подобора камера ,некои велат дури од 16 мегапикесли и подолготрајна батерија. Тоа што е интересно, е што Bloomberg вели дека Samsung бил потикнат од еден мобилен оператор да го продава Galaxy S5 поевтино од своите претходници. Сепак имајте на ум дека ова се шпекулации од непотврдени извори.

Тоа што се знае со сигурност барем е дека Samsung нема да користи скенер за очите, туку за отклучување на телефонот и користење на некои апликации ќе се користи сензор на отпечатоци на пристите, како што има HTC One Max и Аpple iPhone 5S.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk