Иако Google ја започна ерата на очила со проширена реалност, оставено е на другите да продолжат од таму каде Google не се снајде најдобро. Очилата на Google се премногу чудни за да ги носите постојано, па други компании се решени да го претркаат гигантот и да претстават слична технологија која ќе биде подобро дизајнирана и, пред се, модернa.
Една од тие компании кои ги сфаќа очилата како моден аксесоар е бостонската Laforge Optical која стартува Indiegogo кампања за да собере 80.000 долари со кои ќе ги развие Icis. По само неколку дена соберени се 10.000 долари, што може да наговести дека Icis ќе бидат произведени и ќе бидат конкурент на Glass. Icis ќе работат на уникатна платформа која е во рана фаза и која користи SocialFLO апликации. Очилата, кои имаат камера, микрофон извучници, ќе бидат поврзани со Bluetooth до мобилната апликација за да може да се стримаат нотификации и вести на двата уреди. Цената, доколку започне продажбата, би била околу 600 долари.
[youtube]cuz_IswuxNM[/youtube]







