ChatGPT пали и жари на бројни фронтови, олеснувајќи ја работата на едни луѓе, но и загрозувајќи ги професиите на бројни други. Неодамна разгледавме 5 AI алатки за пишување, кодирање, како и создавање и уредување видеа и музика. Во оваа прилика разгледуваме уште 5 други!
Fliki – создавајте кратки видеа, читани од AI гласови, на различни јазици (па дури и дијалекти) и на различни начини. Алатката особено се препорачува за создавање и сервирање видеа на TikTok платформата. Повеќе за алатката и природата на видеата можете да видите од официјалниот сајт.

Slides AI – создава импресивни презентации за само неколку секунди. Вештачката интелигенција ја прави целата презентација за вас, а доколку сакате можете да го уредувате финалниот продукт.

Remini – подобрување на старите и матните фотографии што ги имате. Користејќи вештачка интелигенција, Remini се труди да ја искристализира фотографијата и да ви понуди значително подобра алтернатива.

Pictory – Не ви се допадна претходната алатка за уредување видеа? Pictory автоматски создава кратки видеа од вашите долги видеа/ текстови и одлично ги средува за пласирање на платформи како YouTube Shorts и слично, без да бара претходни технички познавања.

Wordtune – ви помага како правилно и „природно“ да се изразите при комуникација со останатите, така што за секоја ваша напишана реченица ви дава предлози како истото би можеле да го кажете, но на подобар начин со формален или секојдневен тон. Директно од сајтот можете да ги проверите можностите.

Која е вашата омилена AI алатка? Која алатка ја пропуштивме во оваа прилика, а не би требало во наредната? Кажете ни во коментарите!








Фантастичен преглед на AI алатки! 🌟 Особено ми се допадна Fliki за TikTok видеа и Remini за подобрување на старите фотографии. За оние кои сакаат дополнителни креативни опции при уредување на портрети и селфија, Фейстюн 2 взлом е исто така одлична алатка што вреди да се проба. Секогаш е добро да имате повеќе опции за AI уредување!
Следно: Алатка што ќе пишува вакви текстови. Сте го нае*але. :)
Пу-пу скраја да е…. 😆