Сите вести од Македонија и околината во една апликација, со MyNewz

Во случај да сакате да сте во тек со најновите вести не само во Македонија, туку и во Србија, Хрватска и Бугарија, како и да имате контрола врз тоа какви вести ви се сервираат, тогаш MyNewz е апликација само за вас.

Со можност за избирање теми, категории и извори, MyNewz сервира она што лично на вас ви е најважно. Прегледот на вестите е во чиста и одлично дизајнирана околина со суптилно и ненаметливо сервирање реклами. Во моментот кога ќе наидете на вест која ве интересира, со само еден клик сте препратени на официјалниот сајт за да ја прочитате истата.

Со оглед на тоа дека се покриваат бројни извори низ четири држави, MyNews ви дозволува да црпете вести од над 1000 веб сајтови. Покрај тоа што можете да избирате категории како бизнис, здравје, технологија, спорт и слично, можете да следите вести според клучни зборови, брендови или компании. Доколку овозможите известувања, секојдневно ќе ви пристигнуваат нотификации со најновите вести според вашите интереси.

MyNewz е феноменална алатка. Благодарение на корисни опции за лични и длабоки прилагодувања моќта е во ваши раце и, по првичното запознавање, се изложувате само на вести кои вас ве интересираат и од веб сајтови на кои вие им верувате.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments