Македонскиот стартап FitKit се шири во Грција, првично ќе ја освојува Атина

Првата фитнес платформа во Македонија, FitKit која во Македонија функционира од 2016-та година и веќе има над 23.000 регистрирани корисници, од кои 3.500 активни членови кои плаќаат членарина за да користат 800+ услуги од 230 провајдери, од октомври планира да го освои и грчкиот пазар.

Приказната за почетоците на овој македонски стартап, предводен од Ангелина Блажевска и Јосиф Дамјанов, ја објавивме минатиот ноември, кога FitKit беа прогласени за стартап на месецот.

Проширувањето доаѓа по повеќемесечно стратешко размислување, а одлуката првиот излез од Македонија да биде токму Грција доаѓа поради повеќе фактори.

Ангелина и Јосиф, ко-основачи на FitKit

“После долго скенирање на теренот и опции, решивме да бидеме во Грција поради оперативната блискост, поради тоа што се намали тензијата во официјалните односи помеѓу двете земји и со тоа се создаде поповолна бизнис клима. Дополнително, во Грција конкуренцијата е суште недоволно развиена, но постои. Од искуството во Македонија, заклучивме дека е добро да постои конкуренција која што работи исклучиво со понуда на корпоративен фитнес како Flat Rate (Subscription) тип на членства. Во такви случаеви нашиот модел на Pay Per Use станува многу атрактивен и конкурентен. И за крај, проширувањето во Грција значи дека веќе си адаптиран на ЕУ закони и регулативи, што ја прави компанијата поатрактивна за инвеститори и го прави бизнисот спремен за проширување во останати ЕУ земји.” – споделува Јосиф Дамјанов, ко-основачот на FitKit.

Активностите на FitKit во Грција, кои веќе имаат оформено и грчка компанија, ќе бидат претставени преку локален партнер, а од FitKit не се пожалија на никаква пречка или дополнителен предизвик, надвор од стандардните стартап маки, само затоа што се македонска компанија и продукт.

Запрашани за искуства и научени лекции од организирање на работата и трчање по документации за проширувањето во Грција, од FitKit споделуваат дека освојувањето на нов пазар не е лесен чекор за ниту еден стартап:

“Процесот траеше точно една година. Без разлика дали се работи за грчки или било кој друг пазар опциите се ограничени. Или е потребен сериозна ликвидност (cash flow) што ќе ти даде runway од најмалку 1 година за живот и да вработиш и обучиш луѓе или како нас да најдеш локален парнер кој што ќе инвестира во локалната компанија и ќе го преземе кормилото како менаџер во таа земја. ” – вели Јосиф.

FitKit во Грција ќе отпочне со освојување на Атина – град со 3.5 милиони жители и прилично јака бизнис клима. Иницијалната цел е поставување на FitKit понуда со 40% од провајдерите на фитнес услуги, а потоа и промоција и комуникација со идни клиенти – индивидуалци и бизниси кои ќе ја збогатат понудата.

“Откако ќе успееме да стигнеме до доволно приходи за да ги храниме трошоците и потребите на грчкиот старт-ап, ќе почнеме со проширување низ останатите поголеми градови низ Грција.” – дополнува Јосиф.

Καλή τύχη FitKit!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Astro
Astro
2 years ago

Good luck with that.

види ги сите огласи на kariera.it.mk