0 коментари 1 мин. читање

Кратки ИТ вести: Google со тужба поради дискриминација, FitKit се шири во Грција, Paket.mk со инвестиција од Eleven Ventures

  • Google се соочува со тужба пред Врховниот суд во Калифорнија, САД, а причината за тужбата е невклучувањето на албанскиот јазик во јазиците достапни на платформите за огласување и рекламирање Google ads и Google AdSense. Македонските напори на ова поле се сѐ уште без резултат. Можеби е потребна радикализација на мерките во форма на тужба или закон кој ќе го услови Google да овозможи македонски јазик на Google Ads и Google AdSense.
  • Македонската фитнес платформа, FitKit, се шири во Грција. Прв град каде ќе биде достпана е Атина. FitKit во Македонија функционира од 2016-та година и веќе има над 23.000 регистрирани корисници. Активностите на FitKit во Грција, ќе бидат претставени преку локален партнер.
  • Најпопуларниот македонски онлајн супермаркет, Paket.mk доби 300.000 евра инвестиција од бугарскиот Eleven Ventures. Целта на оваа инвестиција е да ја поддржи нивната стратегија за иновации и експанзија, особено низ Балканот. Пред сѐ, средствата ќе бидат наменети за подобрување на платформата, како и воспоставување сорботка со повеќе добавувачи.
Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top