Интервју со хрватскиот девелопер од ShuffleGames за неговата игра Aboleo: Shadow of the Crown

Aboleo: Shadow of the Crown ни го привлече вниманието поради интересната графика и ветувањето за огромен, комплексен свет во кој одлуките кои ги донесувате имаат значајни последици. Токму поради тоа, го замоливме хрватскиот девелопер Ловр Гобин да поразговара со нас за неговата игра и да ни пружи подобар увид во целиот процес на развивање.


Во меѓувреме, разговаравме и со неколку други девелопери за нивните игри, прочитајте ги целосните интервјуа тука:


Кој стои зад ShuffleGames? Што можете да ни кажете за вашето студио, во поглед на бројката, претходното искуство и вашата мисија?

ShuffleGames е мојот канал на YouTube, кој го имам од 2014 година. Првин, брат ми создаваше содржини, но, во 2020 година се сменивме. ShuffleGames е студио составено од само едно лице – од мене! Пред работата на Aboleo, имав мало искуство за развојот на видео игри. Би можело да ви е интересно да чуете дека Aboleo требаше да биде souls-like 2D pixel art игра, но во 2021 година мојот пријател и јас ја отфрливме таа идеја бидејќи ниту имавме искуство ниту пак знаевме како правилно да ја реализираме идејата.

По што ќе се истакнува Aboleo: Shadow of the Crown од останатите слични игри? Или, со други зборови, зошто да ја играме? :)

Се трудам да направам игра каде одлуките на играчот навистина имаат значење. Макотрпно е дизајнирана играта за да се наградува истражувањето, се имам погрижено секоја авантура да е богата со значајни содржини. Исто така, се залагам играта да има уникатен графички стил (low poly). Најважно од се, мојата најголема цел е да направам ОГРОМНА игра во отворен свет без да има какво било вчитување и да се крши имерзивноста на тој начин. Нема да има ни една невидлива бариера или нешто слично на тоа – играчот може да оди каде сака уште во самиот почеток кога ќе влезе во кралството на Веридиа! Сакам да направам секое преигрување да е уникатно и да нема ограничувања за тоа каде да се оди и што да се прави!

Што би можел да ни кажеш за моментната состојба на Aboleo: Shadow of the Crown? Колку си задоволен од развојот и кога би можела финалната верзија да ја види светлината на денот?

Aboleo е далеку од финалната верзија, далеку е и од алфа верзијата! Развојот оди одлично. Мислам дека немам прескокнато ни еден ден работа на играта од 15 март, 2023. Обично, работам по 5 часа дневно на играта. Имајте во предвид дека студирам компјутерски науки. Како студент, трета година, немам баш многу време да правам нешто повеќе од тоа. Секако, не е се розево и има и стресни ситуации, но се трудам да се фокусирам на она што навистина вреди, на по една работа од еднаш и, на тој начин, поблиску сум до целта, а, со тоа, и посреќен! Не знам кога ќе излезе финалната верзија на Aboleo, не сакам да продавам игра која не е од врвен квалитет. Сакам да го испорачам тоа што сум го ветил. Прашајте ме за година дека и можеби тогаш би знаел! :)

Колку тешко беше да ги имплементираш бројните гејмплеј механики; што беше најголемиот предизвик во играта и дали имаше некоја механика што сакаше да ја воведеш во Aboleo, но подоцна се предомисли?

Па, мислам дека сите механики што ги има во мојата игра, ги има и во другите игри. Тешко е да се извлече нешто нови и уникатно, особено кога не сте многу искусни во развивање игри. Најголемиот предизвик, а со тоа и најголемиот проблем е дизајнот на мапата. Мислам дека не сум многу добар уметник, и тоа знае да биде голем проблем кога сте соло девелопер на една RPG игра. Но, верувам дека ќе станам подобар како поминува времето.

Друг проблем е тоа што ја развивам играта на лаптоп кој има 8GB RAM. Поради малку работна меморија, често се случува компјутерот да се исклучи и да изгубам се што сум направил во меѓувреме. Крив сум јас, признав, никако да се научам често да го сочувувам напредокот. Искрено, мислам дека развивање игра е огромен предизвик. Тешко е, да, но и носи доста позитивни работи поврзани со професијата. Предобро е чувството да си ги видиш идеите реализирани. Има многу механики кои уште не се во игратата (градење, борба на животно за јавање, бројни способности, други оружја, оклопи). Работам на играта само седум месеци и сеуште не ги имам покриено сите аспекти во играта.

Што те инспирира да го создадеш светот во Aboleo: Shadow of the Crown? Кои се, според тебе, добрите и лошите страни на Unity, енџинот кој го користиш за потребите на играта?

Отсекогаш сонував да правам игра, уште како дете измислував секакви игри со брат ми. Ги правев и тие мали мини игри во Roblox каде за прв пат разбрав што значи кодирање. Подоцна, почнав да студирам програмирање, па решив да направам игра. Имав одредено искуство со Unity, па затоа го избрав тој енџин. Никако не планирав да направам нешто озбилно, повеќе беше да се пошегувам со пријателите. Но, како поминуваше времето, почнав да посветувам повеќе и повеќе внимание и да забележувам одреден потенцијал во целата работа.

Unity e добар за многу работи – лесен е да се разбере, а програмирањето е во C# е нешто што мене многу ми е познато. Башка, не бара многу меморија, што е одлично за мојот лаптоп со 8GB. Но, не е се сјајно со Unity и често ми е страв дека нема да биде можно убаво да се оптимизираат огромни светови преку овој енџин. Како и да е, јас ќе се потрудам да понудам што е можно пофлуидно искуство и на послаби конфигурации.

Би сакал ли да споделиш некоја интересна или впечатлива случка поврзана со твојата игра?

Како нешто на што наубаво и најпријатно се присетувам е создавањето на првиот квест. Тие први неколку редови поврзани со приказната се вистинската пресвртница за напредувањето на играта, но и првиот момент кога Aboleo вистински заживеа. Да се види како првиот квест е реализиран, како играчите навлегуваат во интеракција со ликовите и со приказната, и да се почувствува суштината на ветувањето за епското патување, тоа е навистина длабоко и незаборавно искуство. Вакви моменти прават да ви е мило што го работите тоа што го работите.

Што би ги советувал нашите девелопери кои сакаат да појдат по ист пат како и ти?

Развивање игри е предизвикувачко, но и преубаво искуство. Би сакал да ги споделам следниве совети:

1. Константно учите: Гледајте на развивањето игри како на универзум од можности. Како кога истражувате нов град, што повеќе навлегувате во него, толку повеќе откривате за него! Се работи за една секогаш променлива и неочекувана авантура, уживајте во патувањето каде постојано се здобивате со нови вештини и техники.

2. Прифатете го поразот: Поразот не е спротивното од успехот, туку е дел од таквиот процес. Не се плашете да правите грешки: наместо тоа, гледајте на грешките како на отскочни штици.

3. Страста е клучна: Имајте силна желба да го сакате тоа што го правите. Тоа е горивото кое ве одржува, особено во предизвикувачки времиња.

4. Повратна информација е многу важна: Барајте повратна информација за вашата работа. Конструктивните критики се можни алатки за подобрување. Само јас имам вложено повеќе од 200 часа на тестирање на играта. Мислам дека секој квест го имам поминато најмалку 10 пати и имам пробано да откријам некој баг или пропуст на најмалку десет различни начини.

5. Најважно од се, уживајте во процесот: Не е во прашање само дестинацијата, уживајте во патувањето. Развивање игри е креативно залагање, потребно е да најдете радост во процесот, тоа е нешто што е најважно за успех на подолги стази!

Дали би сакал да ни кажеш нешто друго за твојата игра, или за некој што те поддржал до сега?

Сакам да им покажам на сите дека не ви е потребен голем тим или големи инвеститори за да направите добра игра. Она што ви треба е желба, љубов и, секако, основно знаење за тоа што го работите. Се што купив, купив со мои пари, и тоа е во ред, не се жалам. Си ја правам играта која си ја сакам и која сакам да ја споделам со вас!

Нема многу луѓе кои ме поддржале или кои мислат дека можам да го направам ова, но, од срце сум им благодарен на оние што веруваат во мене! Сакам да знаете дека следам се што се објавува за оваа игра и таквото нешто ме прави навистина среќен! Сакам да работам на Aboleo и нема никогаш да престанам, дури и откако е завршена, па, нема ни тогаш! Ова е само почетокот и се надевам дека и вие ќе бидете со мене на крајот!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: ShuffleGames
  • ИздаваShuffleGames
  • Жанр: RPG, отворен свет, авантура
  • Платформа: Microsoft Windows

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments