Промовирани новиот Портал за отворени податоци и првиот МДТ AI Assistant

во ИТ.МК

Отворените и достапни податоци се дел од основата која помага да се изгради транспарентно општество, поефикасна економија и попаметни и подобри јавни услуги. Отворените податоци му овозможуваат на секој граѓанин, да знае, да истражува, и да креира нова вредност врз основа на информациите од јавниот сектор.

Кога податоците се слободно достапни, тие овозможуваат иновации, бизнисите можат да развиваат нови апликации, новинарите имаат пристап до податоците, а граѓанските организации можат да бараат поголема отчетност.

Нов Портал за отворени податоци

Минатата недела Министерството за дигитална трансформација во соработка со Фондацијата Метаморфозис одржа јавна расправа за Нацрт-законот за отворени податоци и повторна употреба на информации од јавниот сектор. Со промените законот ќе биде усогласен со регулативите на Европската Унија. Според ветувањата треба да постави нови стандарди за отчетност и дигитална слобода.

Новата законска рамка треба да овозможи:

  • Полесен пристап до информации од јавен карактер;
  • Поголема отчетност на институциите кон граѓаните;
  • Нови можности за развој на бизнис-заедницата, медиумите и граѓанските организации преку користење на сурови податоци.

Сепак, веројатно најинтересниот дел од настанот се две технолошки решенија. Првото е нов, и според ветувањата, подобар, портал за отворени податоци (data.gov.mk). Ова и досега беше централна локација на која беа достапни сите јавни податоци, прегледни и подготвени за употреба. Но, сега е надградена.

Веројатно поинтересниот дел е МДТ AI Assistant. Станува збор за првиот интелигентен чат-бот за јавни податоци. Решението е изработено во партнерство со тимот на Македонски Телеком.

„Овој проект потврди дека вистинските резултати се создаваат со силен тим, јасна визија и лидерство што му дава простор на креативноста. Нашите дигитални таленти не само што ги следат трендовите, туку ги претвораат во реална вредност за општеството.“, вели Маја Милосавлевска Наумовска.

Експертскиот тим од Македонски Телеком, предводен од Љубе Сараѓинов, Марко Младеновски, Кристијан Анѓелковски и Мартин Стаменов, работеше заедно со министерството за да создаде најдобро искуство за граѓаните. AI чат-ботот овозможува пребарување низ сложени бази на податоци преку едноставен разговор, правејќи ги информациите поблиски до секого.

Дигиталната трансформација не завршува тука. Отворените податоци и вештачката интелигенција треба да бидат почетокот на патот кон поефикасни и потранспарентни јавни услуги. Сепак за целосна трансформација потребна е едукација на граѓаните кои и самите треба да бидат дел од трансформацијата. За алатките како data.gov.mk и AI Assistant да ја постигнат својата вистинска цел, неопходна е континуирана едукација на граѓаните. Градењето на дигитални вештини мора да биде дел за да им овозможи на сите, од студенти и новинари, до претприемачи, да ги анализираат податоците и да ги користат за носење на подобри одлуки. Целта не може да биде само испорака на технологијата. Трансформацијата мора да ги поттикне граѓаните да станат активни учесници во дигиталното општество.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Miki98
Miki98
4 months ago

Bravo za deckite, mnogu vlozen trud i vreme ,vo stranstvo da rabotite takvi raboti sekogas ke imate rabota i golem prihod