Интервју со Тошо Трајанов од Adeva – Највредниот инженер е оној кој носи одлуки, а не само оној што пишува код

Вештачката интелигенција одамна е повеќе од само футуристичка идеја. Сега е реалност која значително влијае и на софтверското инженерство. Промената доаѓа со сериозни предизвици. Ова важи за сите сектори, а особено за следната генерација на инженери. Ако вештачката интелигенција ги презема рутинските, јуниорски задачи – тестирање, документација и поправање на багови, преку кои младите инженери досега се здобиваа со искуство, како ќе изгледа патот до експертизата?

Токму ова беше инспирација да разговаравме со Тошо Трајанов од Adeva, компанија специјализирана за поврзување врвни софтверски таленти со глобални клиенти. Во неговата неодамнешна објава на LinkedIn, тој посочи на ризикот од „генерација инженери од кои се очекува да пристигнат како експерти, без пат до таму“. Тој ни откри како во Adeva гледаат на овој трансформациски бран, и зошто АИ ги прави критичкото размислување и системското разбирање најважните вештини за иднината. Покрај ова, дознавме и како компанијата одговара на овие промени преку нивниот AI Talent Hub и кои се најголемите можности и ризици што вештачката интелигенција ги носи за целата софтверска индустрија.

Тошо Трајанов

Во твојата неодамнешна објава на Linkedin спомена како вештачката интелигенција ги презема јуниорските задачи. Можеш ли подетално да објасниш како овие задачи ги развиваат вештините на јуниор програмерите?

Во повеќето компании, јуниорите почнуваат со low-risk задачи – багови, тестови, документација. Преку нив учат како да навигираат низ системот и како тимот донесува одлуки. Ако тие задачи исчезнат, губиме критичен чекор во градењето инженерска зрелост. Со АИ дел од ова се прескокнува, што значи дека организациите мора свесно да дизајнираат начини младите инженери и понатаму да го стекнуваат тоа искуство.

Ако вештачката интелигенција ги преземе основните задачи, кои вештини сметате дека стануваат најкритични за новите инженери за да бидат успешни во иднина?

Кога вештачката интелигенција ги презема основните задачи, дел од патот до искуство се прескокнува. Тоа значи дека младите инженери ќе мора порано да развиваат критичко размислување, системско разбирање и проценка на trade-offs – и да умеат да носат одлуки таму каде што машината нема доволно контекст.

Како во Adeva гледате на оваа трансформација? Дали веќе забележувате конкретни промени во начинот на кој ги извршувате овие задачи?

Гледаме огромен потенцијал затоа што секоја компанија веќе станува AI компанија. Рутинските процеси во организациите сѐ почесто се AI-assisted или дури AI-driven, и тоа директно ја менува улогата на вработените. Минатата година го лансиравме AI Talent Hub како специјален дел од бизнисот, кој им помага на компаниите да ангажираат AI експерти и на инженерите да се преквалификуваат во AI-доменот. Сè почесто гледаме побарувачка за специјализиран талент со силен технички background и business acumen, кој може да испорача вредност веднаш.

Дали во Adeva користите вештачка интелигенција? Како вештачката интелигенција влијае на продуктивноста и ефективноста на тимовите во Adeva? Дали има алатки или процеси што ги имплементирате за да ја искористите оваа предност?”

Да, во Adeva веќе имаме AI агенти интегрирани во клучни делови од работењето – од селекција на таленти и оркестрирање на talent interview процеси,  до поддршка во sales и marketing преку анализа на податоци што значително ја подобрува ефикасноста и во квалитетот на работењето.

Ова ослободи простор нашите тимови да се фокусираат на креирање додадена вредност – градење посилни односи, иновации и долгорочни резултати. Најважното е што луѓето се чувствуваат ослободени од рутиска работа и добиваат можност да вложат енергија во нови идеи и креативни решенија.

Во објавата на Linkedin имаше заклучок дека „Постои ризик од генерација инженери кои се очекува да пристигнат како експерти, без пат до таму“. Како Adeva пристапува кон овој предизвик?

Ризикот е реален: ако исчезнат јуниорските задачи, исчезнува и можноста младите инженери постепено да ја изградат основата што ги прави сигурни и зрели професионалци. Наместо да учат низ мали чекори, постои опасност да се појави генерација која директно „пристигнува“ како senior, но без доволно практично искуство зад тоа.

Во Adeva не работиме со јуниори, па немаме класични програми за менторство или тренинг на почетници. Нашиот фокус е на senior инженери кои можат веднаш да преземат одговорност и да испорачаат вредност. Но бидејќи ја гледаме оваа празнина како индустриски предизвик, лансиравме AI Talent Hub – иницијатива што им помага на искусните инженери да се преквалификуваат и да развијат AI-ready вештини. На овој начин не го решаваме директно проблемот со јуниорите, туку создадеме мост меѓу сегашните потреби на компаниите и иднината на инженерството.

Како во време на вештачка интелигенција во Adeva ги дефинирате и ги поставува целите за своите инженери на почеток на кариерата?

Во Adeva работиме исклучиво со искусни инженери, па немаме класични „почетнички“ цели или програми за развој на јуниори. Наместо тоа, од првиот ден очекувањето е тие да создаваат вредност за клиентите – брза интеграција во тимовите, преземање одговорност и испорака со висок квалитет. Фокусот е на тоа искусните инженери постојано да ја надградуваат својата експертиза и да се адаптираат на нови технологии како АИ, за да останат релевантни и да водат во променливата средина.

Дали лидерите во инженерството можат да создадат средина каде што помладите инженери, и покрај автоматизацијата на некои задачи, сепак можат да градат „проценка, интуиција и контекст“ како што спомена?

Апсолутно – денес имаме вистински shift во начинот на учење и развој. Наместо преку „малите задачи“, младите инженери треба да се вклучуваат преку shadowing, pair-programming, business/planning review сесии. На тој начин побрзо стануваат дел од процесот, градат контекст и учат како се носат одлуки во реални ситуации – без да се потпираат на традиционалниот јуниор сетап.

Како предвидуваш дека ќе изгледаат типичните инженерски тимови во Adeva за 5, 10 години?

Во наредните 5–10 години инженерските тимови ќе бидат комбинација на инженери и AI агенти – и покомпактни од тоа што се денес. АИ ќе ја преземе рутиската работа – тестирања, документи, иницијално кодирање – а инженерите ќе се фокусираат на архитектура, интеграција, донесување одлуки и создавање нови решенија. 

Photo by Growtika on Unsplash

Kои се најголемите можности и најголемите ризици што вештачката интелигенција ги носи за софтверската индустрија воопшто, според вашето искуство?

Најголемата можност што ја носи вештачката интелигенција е драматично забрзана продуктивност и отворање на целосно нови бизнис модели. Ќе гледаме како мали тимови испорачуваат решенија што порано бараа цели организации, а не е далеку моментот кога ќе го видиме и првиот „unicorn“ со еден вработен и тим на AI агенти во позадина.

Но ризиците се исто толку големи. Се појавува феномен на „AI theater“ – компании кои на хартија изгледаат AI-driven, но во реалност само додаваат слоеви на комплексност и непроверен код. Тоа создава ризик од небезбедни решенија, сериозни сајбер закани и зависност од незрели алатки без доволна контрола.

Успехот ќе зависи од тоа колку организациите ќе успеат да најдат баланс: да ја искористат брзината и ефикасноста што ја нуди АИ, но истовремено да задржат силна човечка проценка, критичко размислување и одговорна примена. 

Кој е твојот совет за студентите или младите професионалци кои сега започнуваат кариера во софтверското инженерство?

Мој совет е да не брзаат со „shortcut“ решенија, туку да изградат цврст фундамент. Системско размислување, архитектура, алгоритми и дисциплина во пишување квалитетен код се вештини што не ги заменува ниту една АИ алатка. Паралелно, треба да развиваат критичко размислување, комуникација и работа во тим – затоа што вистинскиот инженер не е само оној што пишува код, туку оној што носи одлуки и создава вредност во контекст.

Формалната едукација исто така е клучна – таа дава темели и вештини што остануваат релевантни 20+ години, без разлика на тоа колку брзо ќе се менуваат алатките и технологиите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk