I Hate This Place: Стриповска естетика заснована на истоимениот стрип

во гејминг

I Hate This Place е изометриска survival horror игра која влече директна инспирација од истоимениот стрип на Кајл Старкс и Артјом Топилин. Сместена на имотот Радерфорд, играта ве опкружува со извитоперена реалност и морничави суштества. Оставени сами на себе, ќе бидете ќе бидете принудени да ја истражувате околината, да собирате витални ресурси и да избегнувате или пак да се соочувате со секакви суштества. Сето тоа во прекрасно реализирана атмосфера која потсетува на хорор филмовите од осумдесетите години на минатиот век. Но, под таквата ветувачка површина се крие проблематичен и недоволно задоволителен наслов на кој требало подолго да се работи. 

Во поглед на гејмплејот, I Hate This Place е игра која првествено ја диктира тензијата преку динамичниот циклус на денот и ноќта, нешто што е дополнително комбинирано со систем на прикрадување. Денот се користи за тактичко собирање ресурси/ залихи и подготовка, додека ноќта носи поагресивни непријатели и намалена видливост. 

Со оглед на тоа дека директниот судир често завршува фатално, вие често мора да се потпирате на прикрадувањето и движењето во максимална тишина. Тука доаѓа до израз интересна механика поврзана со звукот. Имено, се работи за можноста за манипулација со звукот како би ги го преусмериле непријателското движење во правец кој вам ви одговара. Наместо директно насилство, кое е ем незадоволително, ем неефикасно, можете да ги намамите непријателите кон одредени стапици. 

Сепак, изведбата на овие идеи во пракса наидува на главоболка-две. Иако концептот за борба и прикрадување звучи забавно, самиот борбен систем е незадоволителен и честопати фрустрирачки. И покрај тоа што играта нуди отворен простор за истражување, тој свет често делува празно и не нуди доволно забавни активности кои би го задржале вашто внимание подолго време. Дури и наративниот дел, кој би требало да биде силна страна со оглед на изворниот материјал, страда од неинспиративна приказна и неверодостојна глума. Најголемиот проблем со кој се соочува насловот е, можеби, техничката оптимизација. Енџинот едноставно не успева да испорача стабилно искуство, со чести падови на фрејмрејтот под 60FPS, што е недозволиво за игра каде прецизноста и реакцијата се клучни за опстанок. Присуството на повремени багови дополнително го нарушува севкупниот впечаток.

I Hate This Place е игра која има силен визуелен идентитет и интересна лиценца, но потфрла во најважните сегменти. Иако механиката со звукот и циклусот ден-ноќ имаат потенцијал, лошата оптимизација, празниот свет и проблематичниот борбен систем го прават ова искуство тешко за препорака во моментов. Студиото треба убаво да си ги засука ракавите и да започне темелите исправки доколку сака нивната игра да застане рамо до рамо со другите наслови во жанрот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments