RЗ Infomedia го стартува онлајн маркетот MarketKonekt

3 коментари 1 мин. читање

RЗ Infomedia, компанијата која стои зад бизнис адресарот Златна Книга, стартува уште еден сервис со кој сака да ги поврзе потенцијалните купувачи со фирмите. MarketKonekt е објаснет како онлајн маркет преку кој фирмите можат да ги излистаат понудите, а корисниците ќе можат за кратко време да добијат информации за продуктите, услугите и фирмата која ги нуди. MarketKonekt вели дека ги поврзува фирмите и корисниците со добавувачи на потребни производи/услуги. Така „доволно е само да објавите барање за понуда која веднаш се проследува до сите компании-членови на порталот“.

Во моментов се праќа мејл до компаниите кои сакаат да се регистрираат, отворат профил и да објават понуди. Во моментов има околу 160 компании со над 17.000 производи, а се очекува во наредниве три месеци да има околу 700 компании. Регистрирањето е бесплатно, но за „премиум членството“ се плаќа. Но, доколку успеете да фатите промотивен период премиум пакетите ќе бидат бесплатни. Ова е добар маркетинг од R3 Infomedia.

Нa MarketKonekt покрај стандардните категории, има и интересна листа на тековни попусти на продуктите и услугите. Нема можност да се купи онлајн, туку има информации за компанијата која го нуди продуктот и опција да се контактира продавачот за повеќе детали. Проблем тука секако ќе биде колку често и дали компаниите реагираат на мејловите.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед