Хактивистите се обвинети за 58 отсто од украдени податоци во 2011-та

Дали може од Data Breach Investigation извештајот на Verizon да се каже дека мотивот да се протестира е поголем од мотивот да се украдат пари?

Контроверзната група Аnonymous заедно со други индивидуални активисти, и за кратко LulzSec, се обвинети дека имаат удел во 58 отсто од сите украдени податоци. Мотивот на хактивистите да пробиваат и крадат податоци најчесто се политички и социјални, главно заради протест, гнев, а често и за да исмејат. Активностите на Anonymous, хакерска група под чие знаме најчесто се пробиваат сајтови заради протест, во 2011-та се проширија низ целиот свет: oд САД каде пробиваа безбедносни компании и рушење на сајтови на арапски земји каде се случуваа револуции, до пробивање на сајтот на хрватскиот претседател заради интернет закони како ACTA.

Но, хактивистите не се толкав проблем, велат експертите. Нивниот голем процент доаѓа од тоа што таргетираат големи компании и институции и крадат огромни количини на податоци кои често не се толку штетни за индивидуалците и компаниите. За разлика од нив, сајбер криминалците кои се финансиски мотивирани крадат помал број податоци, и се доволно софистицирани да направат штета и да се извлечат со поголем плен.

Безбедносните експерти велат дека најмногу криминални активности се забележуваат од Источна Европа. Дури 70 отсто од нападите започнале од овој регион. Според истражувањето, кое е направено со помош на Тајната служба на САД, Единицата за компјутерски криминал на Холандија и други, 2011-та е втора на листата на години кога се краделе најмногу податоци, по 2004-та.

За жал, нападите врз личните податоци не се „посебно тешки“, вели Verizon. Најчесто се пробиваат едноставни лозинки и сајтови со несоодветна заштита. Скоро 97 отсто од нападите можеле да бидат одбиени.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk