Roads.org.mk со видео во живо ќе ве информира за гужвата на патарините и граничните премини

Сега ќе може да ги гледате патарините и граничните премини во живо преку Интернет. Идејата за видео стримовите на новиот сајт на Јавното претпријатие за државни патишта е дека возачите ќе можат да се информираат за тековната густина на сообраќајот, и соодветно да си го испланираат патувањето. Но, овие стримови за жал не работат на мобилните платформи iOS и Android, па тоа што имате преглед од дома додека сте одалечени 30-тина минути или неколку часа од патарините или граничните премини не е баш практично решение. Земајќи во обзир дека на патиштата има и бесплатни Wi-Fi зони и 3G покриеност, можеби е подобро да се направи мобилна апликација. (Видеото може да го гледате и преку Android со MX Player, фала до Горјан за линкот)

Сепак овие камери се поставени за поголема транспарентнoст во работењето и преглед на состојбата на патиштата, и, како што вели Jавното претпријате за патиша, се дел од модернизирање на наплатните рампи со изолирање на ловековиот фактор.

„Очекуваме некаде во април, мај, да имаме склучено договор со компанија која ќе направи целосна модернизација на патарините на Коридорот 10. Модернизацијата и на патарините на Коридорот 8 се предмет на концесија, односно концесионерот ќе треба да инвестира во модернизација по истиот терк како што е на Коридорот 10“, вели министерот за транспорт, Миле Јанакиески.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Mijal
Mijal
12 years ago

Pretpriemnisto ima i vo sozdavanjeto na novi sajtovi. Sega za sega vladata e najgolem pretpriemac. Eden kup sajtovi napravi.

@JetonAliji
12 years ago

Убаво.
Добро е да се има LIVE видео на овие места.

Ако некој ги познава луѓето што га одржуваат сервисто, дај нека стават Full Screen копче во видеото, премногу мал е popup-от. :)