3 коментари 2 мин. читање 11 февруари, 2014

На 11-ти февруари Интернетот вели „НЕ!“ за масовното набљудување

Време е да се каже „не“ на масовното набљудување преку Интернет. За почеток треба да започнеме со протести, хакатони и онлајн кампањи кои ќе стартуваат на 11-ти февруари. Организиран од куп различни организаци кои се борат за човековата права и слободата на изразување, овој „The Day When We Fight Back“ настан има за цел да ги информира граѓаните за потенцијалното нарушување на нивната онлајн безбедност, и да испрати порака до институциите дека треба да се следат глобални принципи за следење на комуникациите.

Документите објавени во последнава година од поранешниот аналитичар на NSA, Едвард Сноуден, откриваат дека властите со легално одобрување или нелегално пробивање собираат огромни количини приватни податоци за да ги следат сите корисници. Покрај таргетирањето на индивидуи, американската NSA и агенциите од другите држави си земаат за слобода да складираат се што ќе можат да пресретнат од Интернет, со аргумент дека ја штитат „националната безбедност“, а во реалноста тие само складираат податоци од граѓани кои не прават криминал.

Доколку сакате да им кажете „СТОП!“ на властите, идејата зад кампањата е да се организираат собири, хакатони и протести на темата масовно набљудување. Можете да закачите и банер на вашиот сајт, или да ги искористите карикатурите споделени од Global Voices Online за да истакнете солидарност и поддршка за кампањата; и да ги потикните властите да ги следат тринаесетте принципи за интернационалното надгледување на комуникациите, развиени од експертите за човекови права.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Елена
Елена
12 years ago

феБруари, исто така

Виктор Дано
12 years ago
Reply to  Елена

Ви благодарам за забелешките, без добра публика нема да има поправени текстови. :)

Grammar Nazy
Grammar Nazy
12 years ago

масоБното набљудување

Инсталирајте си Microsoft Word, има одличен spell check дури и на македонски

Мени
Заедница
Изглед
To top