0 коментари 2 мин. читање 11 февруари, 2014

LAUNCHub стартува нова рунда инвестиции за стартапи; нуди до 200.000 евра

Бугарскиот инвестициски фонд LAUNCHub објави нов повик за регионалните стартапи. Во оваа нова рунда апликации, LAUNCHub, како и Eleven, другиот бугарски стартап акселератор, сака да привлече малку посериозни стартапи во кои ќе инвестира до 200.000 евра. Овие стартапи ќе треба да бидат веќе подготвени да излезат на пазарот или да имаат претходна seed инвестиција. Истовремено стартува и повикот за акселаторскиот програм за стартапи кои сè уште се во раната фаза на развој.

LAUNCHub до сега инвестираше три милиони евра во 35 стартапи кои работат на B2B сервиси, е-трговија, мобилни апликации и секако на видео игри, како што е македонскиот стартап Tesseract Interactive, кој пред една година доби 30.000 евра од бугарскиот акселератор. Според дечките од Tesseract, искуството со LAUNCHub се покажа како одлично и корисно.

„LauncHub се прилично добар акцелератор и луѓето што работат таму и што ги запознавме се доста кооперативни и сакаат да ни помогнат на секаков начин. Иако ние сме им првиот стартап кој развива игра и немаат многу искуство со стартапи со ваква дејност, ни посочија многу ментори со кои разговаравме и разменивме идеи во областа на гејм-девелопментот“, ни рече Александар Јовановски од Tesseract Interactive во интервју за IT.com.mk.

Kрајниот рок за пријавување е 23-ти февруари, и ако имате стартап во рана фаза или веќе готов продукт со кој мислите дека може да го освоите регионот, аплицирајте тука.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top