Стартап на месецот: CodeWell AI и вештачката интелигенција како технолошка еволуција, а не само тренд

Startup Macedonia

Текстот е дел од иницијативата “.mk стартап на месецот” нa IT.mk и Startup Macedonia во кој профилираме по еден .мк стартап на пат кон успехот.

Што е CodeWell?

CodeWell и нивниот водечки производ, CodeWell AI, развиваат и менуваат разни индустрии преку автоматизирање на цели оддели со дигитални претставници, базирани на вештачката интелигенција.

Основана во 2011 од страна на претприемачите Нино Карас и Мартин Анчевски, македонската AI платформа CodeWell AI е пионер во употребата на вештачка интелигенција и дигитални асистенти на овие простори.

Со зголемената популарност на разговорната вештачка интелигенција (Conversational AI)  пак, ваквите технолошки решенија не само што денес ги преобликуваат индустриите, туку сѐ повеќе ги подобруваат методологиите за работа и стануваат едни од најбараните технологии на денешницата. 

Каков беше патот на Нино и Мартин за CodeWell да дојде до овој степен на развој на продукти?

Патувањето започнува во Скопје и потоа оди низ Осло, Амстердам и Њу Џерси, испреплетено со клиенти како што се Sony Music Entertainment, Heineken, T-Mobile, A1 Telecom Austria и многу други. Од нивниот почеток во 2011, следуваат 12 години на работа која што им донесе награди како што се „Product Hunt – производ на годината“ во Силициумската долина, како и второто место на How To Web Spotlight во Романија.

За Нино и Мартин, се започнува со појавата на андроид телефоните во Македонија, нешто што во тоа време им служи како инспирација за изнаоѓање на решение наменето за еден од најгорливите проблеми кои ги има Скопје, а тоа е градскиот превоз. 

Па така, тие создаваат апликација за офлајн навигацијa која на корисниците им овозможува информации за градските автобуси. Она што е тука значајно е што апликацијата потоа станува и основа за она што подоцна ќе прерасне во CodeWell. 

„Сето тоа започна со Автобуското. Тоа беше апликација која што ти даваше turn by turn навигација во градот, како да се движиш со јавниот градски превоз, нешто што во 2010 година непоимливо. Единствени информации кои тогаш можеше да се добијат беа, кога тргнува од почетната станица автобусот и кога стига на крајната станица. Сѐ помеѓу беше прашалник, а ние направивме апликација која што ти кажуваше како да се движиш паметно, како што Google Maps денес ти кажува, качи се тука, ќе се симнеш таму и ќе се симнеш на време,“ раскажува Нино. 

Со “Автобуско “ тие прават и еден мал exit и правата ги продаваат на T-mobile. Во меѓуврееме почнуваат да работат и други продукети – од туристички водичи, до гејминг и productivity алатки.

Во 2015 основаат нов стартап кој се нарекува “MarkO“ и е првата компанија која што влегува во еден од топ три европски акцелератори во Холандија, во Rockstart Web and Mobile 2015 batch – бизнис акцелератор во Амстердам.

“MarkO“ беше иновативна productivity алатка која што користеше вештачка интелегенција на база на тоа што вие пишувате како задача или како потсетник во апликацијата, да ви извлече информации за што се однесува и да ви креира паметни потсетници, на пример ако напишам задача или потсетник од типот на купи цвеќе за роденденот на мајка ми во вторник, ќе знае дека јас сакам да купам цвеќе и дека тоа треба да се случи пред вторник и ќе ми креира и временски потсетници и локациски маркери, па ако поминам до цвеќара ќе каже може треба да застанеш да купиш цвеќе зашто на мајка ти и е роденден,“ вели Нино. 


Во 2016, пак, тие почнуваат се повеќе да се фокусираат вештачката интелегенција и “MarkO“ пивотира комплетно во друг продукт. Наместо да биде паметна to-do листа со вештачка интелигенција, тие го прават првиот персонален асистент за продуктивност.

Името на апликацијата е  “Letz“, а асистентот се вика Lucy.

„Таа имаше интеграција со календар, со дневните потсетници на корисникот и проактивно го прашуваше корисникот: 

Еј, ти заврши ли состанокот? 

Има нешто што треба да направам во врска со тоа? 

Има ли некакви minutes of meeting што треба да ги запишам?…. и на тој начин направивме switch од пасивна алатка со иновативна технологија, ја пренасочивме парадигмата кон проактивно испрашување на корисникот, за да му помогнеме да ја изгради таа продуктивност и да ја донесе на повисоко ниво,“ објаснува Нино. 

Справувањето со продуктивноста со помош на вештачка интелигенција е она што го прави Letz атрактивен продукт, и како chat bot направен за да ја стимулира интелигентната комуникација со корисниците и да ги мотивира да ги споделат своите дневни задачи во текстуална форма, на еден сосем природен начин. 

Продуктот резултира и со нивната прва инвестиција, односно 100 илјади евра од страна на иновацискиот фонд South Central Venture, што воедно беше и нивната прва инвестиција во еден македонски стартап. Со овие пари тие успеваат да го завршат развојот на продуктот и значително да ги зголемат марктетинг активностите. 

Низ годините кои следат потоа CodeWell се повеќе се посветува на создавањето на платформата CodeWell AI и дигитални асистенти.

Мартин, како ко-основач и CTO на CodeWell AI ги држи главните конци кога станува збор за технологијата позади продуктите – од едноставни фиксови до full-on невронски мрежи со машинско учење.

„Се потпираме на технологија од главните гиганти Amazon, Google и толку. Не одиме многу далеку, далеку од она што  е main step-от затоа што според нашата филозофија на развој технологијата не може да го замени убавиот архитектонски дизајн. Значи ако имате од убав архитектонски дизајн направено нешто, технологијата е ирелевантна. Ако вие треба да користите некоја експериментална технологија што решава некој проблем треба да се запрашате зошто воопшто го имате тој проблем,“ раскажува Мартин.

Во CodeWell на појавата на јазничниот модел ChatGPT се гледа како на whole different battlefield, because it’s a new step in technology. Или автентично објаснето од Нино и Мартин – “ако досега се тепавме со мечови и стапови во битките, сега одеднаш излегува барутот и веднаш по него атомската бомба и сега веќе има други правила на игра“.

Според Нино, она што сега сите го нарекуваат како тренд, односно појавата на разговорната вештачка интелигенција е нешто многу повеќе. За него, една од најголемите придобивки на технологијата отсекогаш била автоматизацијата и подобрувањето на секојдневните и здодевни задачи за кои луѓето не се особено заинтересирани. 

“На истиот тој начин на кој технологијата ја автоматизираше работата на човечките оператори на лифтови, Conversational AI може да ги автоматизира работните места во одделенијата кои вклучуваат масовна комуникација со крајните клиенти. Така што не верувам дека тоа е технолошки тренд, туку неизбежна технолошка еволуција на компаниите. Имајќи предвид дека клиентите стануваат попребирливи од кога било, со тоа што 7 од 10 клиенти се јавуваат во контакт центри САМО затоа што сакаат да бидат услужени. Од друга страна, се помалку луѓе сакаат да работат во контакт центри, што резултира со рекордно висок обрт на вработените од 45% годишно. Поради ова, ние навистина веруваме дека создавањето работна сила со вештачка интелигенција со Conversational AI претставува следниот чекор во дигитализацијата на компаниите,“ потенцира Нино. 

Во таа насока, технологијата која што сега ја CodeWell им помогна да добијат competitive edge и да се биде многу повеќе од service providing или outsourcing дел кој што работеше софтвери по нарачка. 

„После 12 години, паѓа одлуката да го затвориме тој дел од CodeWell приказната, зошто CodeWell веќе не е outsourcing компанија и зошто се враќаме целосно посветени на нашиот продукт CodeWell AI,“ додаваат и Нино и Мартин. 

Во моментот CodeWell има нов продукт кој е веќе до demo фаза, и е наменет за B2B светот. Според Мартин, продуктот никогаш не е готов, но полека доаѓа и моментот за да се пристапи на првите потенцијални клиенти.

„За нешто да се скалира глобално, ние немаме десет шанси да пробаме да буткаме, затоа мораме тука на локалниот пазар да го испегламе продуктот, да ги видиме сите работи што треба да се досредат, што треба да се направат и после одиме на глобална експанзија,“ вели тој. 


Истовремено, нивниот фокус сега е кон банките, при што целта им е да заменат еден вработен во банката, но во задачи кои опфаќаат повеќе од едно работни места. 

“Започнува таа трансформација на замена со еден вработен во контакт центар, кој треба да знае и да продава како втор таск, па следува фаза во која тој може да го замени било кој вработен внатре во тимот, така што од недлабоко интегрирање во прва задача на контакт центар, до третото длабоко интегрирање каде се бараат специфични знаења,“ раскажуваат и двајцата. 

Неколку нивни продукти, пак, веќе се користат на големо во Македонија. Славчо асистентот на А1 во Македонија е комерцијален популарен проект, и истовремено нешто што претставува како ниввраќање кон заедницата.

Тука е и Ада, првиот дигитален асистент во јавниот сектор, лансиран во февруари 2023. 

Според тимот кој работи на ова, во многу ситуации не е потребен document management систем, не е потребно развивање на посебен back-end систем за дадена институција за да се дигитализираат некои сервиси за да може асистентот да помогне, во многу ситуации се чекори, а ваквите асистенти може да претставуваат еден централизиран knowledge base во сите владини институции во Македонија.  

Нивните очекувања се дека многу ќе им помогне на граѓаните во добивањето на информации за процесите како што вадење на изводи, документи, сликање за пасоши и слично.


Во поглед на развојот на домашниот стартап екосистем пак, за Нино и Мартин сето она што е потребно е еден успешен случај на домашна компанија која ќе постигне драматичен раст. 

„Ни треба еден успешен success case кој што ќе го разбуди системот, потребен е еден unicorn, па и и не мора на крај да биде unicorn, ама еден сериозен exit од стотици милиони евра или долари за да може инвеститорите да кажат, OK…од Македонија имаме рок ѕвезда кој ќе донесе и нов. Таков голем пример ќе го мотивира целиот инвестициски свет да дојде кај нас во државата и да помогне околу поддршка, верувајте,“ потенцираат и двајцата.

Според нив, Македонија има дефинитивно способни основачи, кои можат да бидат и двигателите за промената на состојбата во стартап екосистемот.

„Премногу сме останати на ниво на фабрика за производство на секојдневен софтвер, а време е да станеме креативна работилница, а тоа значи да не сме само фабрика што ќе штанца за странски корпорации и ќе произведува едни исти работи. Тврдам дека во наредните пет години тоа ќе биде превземено од вештачка интелегенција и повеќе нема да постои како професија, туку дека ќе се насочиме кон креативноста, ќе се насочиме кон производство на некои стварно уникатни работи кои што сметам дека имаме потенцијал да ги постигнеме и да ги направиме тука,“ вели Мартин на темата Македонија и иднина на стартапите.

Не гради продукт пред да добиеш фидбек од маркетот“ – за двајцата ова претставува и најголемата лекција која што досега ја имаат научено за време на своето стартап патување.

Дополнително, тука е и вербата и поддршката за сопствениот тим, во секој сегмент од градењето на продуктите. 

„Ја цениме индивидуалноста на нашите луѓе во тимот. Секој со себе носи дел од својот карактер, дел од својата уникатност која дава додадена вредност на тимот. И не сакаме тоа да го изгубиме, не сакаме да бидеме корпорација која што ќе има правила за сите работи, сакаме таа индивидуалноста да дојде до израз, затоа што стартапите се потпираат на индивидуалноста на група талентирани личности. И AI технологиите на кои работиме сега се резултат на работата и на програмерите, но идентично важно и на content тимот, на администрација во CodeWell. Сите се вклучени, сите се поттикнати да изнајдат решение,“ заклучува Нино. 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk