Првата идеја беше таблет, потоа iPhone, Стив Џобс интервју на D8

Еве неколку интересни делови од интервјуто:

„Apple е компанија која ги нема ресурсите на секој во светот. Начинот на кој ние успеавме е што претпазливо одбравме кои коњи да ги јаваме.“

„Ние сме организирани како стартап. Ние сме најголемиот стартап на планетата“

„Ја имав оваа идеја да се ослободиме од тастатурата и вид на стаклен дисплеј со мулти-допир“. А откако го видел прототипот рекол „Ние можеме да изградиме телефон од ова и го ставив таблет компјутерот на полицата бидејќи телефонот беше поважен.“

За иднината на iPad: „Кога бевме аграрна нација, сите возила беа камиони. Но како што напредувавме кон урбаните центри, луѓето започнаа да користат автомобил. Мислам дека PC-јата ќе бидат како камионите. На помалку луѓе ќе им ги треба. Тоа ќе ги направи некои луѓе незaдоволни.“

Сака слободни медиуми бидејќи „Не сакам да станеме нација на блогери“

„Мојот сексуален живот е супер“ е одговор на прашањето дали Google го изневерува Apple.

„Google одбра да се натпреварува со нас. Ние не започнавме бизнис со пребарувањето.“

„Затоа што сме конкурентни со некого не мора да значи дека треба да бидеме безобразни.“ за Google-ови продукти на iPhone.

„Никогаш не се видовме себеси во војна на платформи со Microsoft, можеби затоа и изгубивме.“

„Ова е малку нереално.“ одговор на станување повредна компанија од Microsoft.

За украдениот 4G iPhone „Оваа приказна е одлична – има кражба, има купување туѓа имовина, има изнудување, сигурно има и секс тука. Целата работа е доста шарена… Не знам како ќе заврши.“

„Тоа е фабрика – но тие имаат ресторани и кино сали.“ Стив Џобс коментира за работната политика во Foxconn, кинеската фабрика која произведува уреди за Apple каде има голем број на самоубиства на работниците.

Подолу е дел од интервјуто каде Стив Џобс зборува за потеклото на iPhone, како и за иднината на новините и слободните медиуми. Другите делови од интервјуто ќе ги најдете на d8.allthingsd.com/.

<

(горната фотографија е превземена од All things Digital)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Star Trek
Star Trek
16 years ago

Потеклото на сите гаџети е од Star Trek.
http://www.seanpercival.com/blog/wp-content/uploads/padd1.gif