6 коментари 1 мин. читање

Need for Speed World ќе е онлајн и бесплатна, но…

World ќе е слична како и сите NFS игри, но бидејќи играта е онлајн, сега тркањето може да стане доста компетитивно меѓу другите играчи. Секако дека ќе има и тимска игра, a ќе има и мод за експлорација на градовите ширум светот.

Играчите ќе можат да го симнат клиентот и бесплатно да ги испробаат стазити и автомобилите и онлајн аспектот на играта до 10 левел. За да се стигне до 50тиот левел и од останата содржина ќе мора да купат виртуелни пари со реална вредност од 20 долари.

„ За откривање на содржината врзана со нивоата, играчите ќе треба да го купат стартниот пакет. Ова е еквивалент на кредити во Boost (виртуелна валута). Од тука, сите левели во играта и отклучувањата се достапни заедно со енџин за микро-трансакции за додатна содржина која може да се купи за да го забрза процесот на отклучувањето преку плаќање.“ вели Џес Абни, технички менаџер во ЕА.

Oва е супер бизнис модел на EA бидејќи има две предности. Првата предност е што ќе дозволи на луѓето да ја пробаат играта и секој кој е заинтересиран ќе може да си плати да продолжи. А кого не го интересира Need for Speed и адреналинското тркање? Втората предност е што нема да има пиратерија.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

6 постари WordPress коментари
Мени
Заедница
Изглед
To top