Apple претстави нови iPad модели

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

Без специјални настани и претставувања на кои нè навикнаа, Apple ги претставија новите iPad таблет компјутери. Компанијата претстави нови модели на iPad и iPad Pro кои сега доаѓаат со нови процесори.

iPad Pro

Најновата генерација на iPad Pro ќе доаѓа со два уреди 11-инчен и 12,9-инчен таблет компјутер. Најголема промена доаѓа кај процесорот, па новиот Pro уред сега ќе доаѓа со M2 процесор кој Apple го користи во своите лаптоп компјутери. М2 е помоќен процесор од сегашниот, иако М1 е и повеќе од доволно моќен за сè што им треба на корисниците. Според Apple, M2 е 15 проценти побрз од М1, а графичкиот процесор е дури 35% побрз.

Една од надградбите е можноста за подобра интеракција и користење на електронското пенкало. iPad Pro ја детектира положбата на пенкалото кога е над екранот. Oва ќе овозможи апликациите да „се подготват“ пред корисникот да ги селектира.

Функционалноста е достапна исклучиво за iPad Pro, но добра вест е дека за детектирање на пенкалото кога е над екранот не е потребно ново пенкало, туку работат и старите. Секако ќе биде потребно прилагодување на апликациите, но од она што можеме да го видиме во најавата, лебдечкото пенкало е интересна можност за поголема продуктивност.

Покрај новиот процесор, таблет компјутерот доаѓа со побрза Wi-Fi 6E врска и 5G поддршка.

Цената на основниот 11-инчен iPad Pro модел е 800 долари, а 12,9-инчниот модел iPad Pro започнува од 1100 долари. Претпродажбата е веќе започната, а првите испораки започнуваат на 26-ти октомври.

iPad

Покрај Pro моделот надградба има и кај стандардниот iPad модел. Компанијата ја претстави новата 10-та генерација на таблет компјутерот. Најголема разлика со Pro верзијата е процесорот. Наместо М2, стандардниот модел доаѓа со А14 Bionic, процесор кој компанијата го користи за паметните телефони.

Надградбата на процесорот е најголемата промена, но најзабележливата се новите бои на компјутерот кој сега е во сосем нова палета. Екранот е малку поголем во споредба со претходните модели, и е 10,9-инчен Liquid Retina, кој Apple го користи и на iPad Air.

Промени има и кај предната камерата на уредот која сега е 12МР широко-објективна камера. Главната камера е 12МР со можност за снимање на 4К видео. Новитет е и 5G поддршката и надградба на Wi-FI 6 стандардот.

Цената на новиот iPad е 450 долари, а започнува со испорака од 26-ти октомври.

Apple TV 4K

Покрај таблет компјутерите Apple претстави и надградба и на Apple TV. Новиот Apple TV 4K доаѓа со новиот A15 Bionic процесор, HDR10+ поддршка и ќе чини 130 долари. Подобрениот хардвер не е единствена надградба, па подобрено е и Siri гласовното управување со телевизор. Благодарение на намаленото загревање на A15 нема потреба од вентилатор за ладење.

Apple TV 4К доаѓа во 64 и 128 GB модел. Како и за останатите уреди препродажбата е  започната, но испораките ќе започнат нешто подоцна – на 4-ти ноември.

Новиот модел на Apple TV значи крај за продажбата на Apple TV HD во онлајн продавницата. За сега уредот е достапен  во продавниците.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk