Prv.mk е нов огласник за младите да најдат работа или пракса

1 коментар 1 мин. читање

Prv.mk е проект наменет пред се за младите полесно да најдат пракси, вработување и проекти на кои можат да волoнтираат за да се стекнат со работно искуство. Веб и мобилната апликација е креирана од студенти на ФИНКИ, со поддршка од Министерството за труд и социјала и Програмата за развој на Обединетите нации.

Достапен за веб и за Android, најверојатно наскоро и за iOS, Prv.mk функционира како секој друг огласник. Во моментот има над 8.000 огласи за работа од келнер до градежен инженер до волонтер во невладини организации. Разликата со другите слични сервиси е што апликацијата е интегрирана со Агенцијата за вработување и други владини институции од каде се собираат информациите. Соработката со институциите би требало да значи и редовно ажурирање на податоците.

„Нашата идеја е не да им се донесат решенија на младите за да се вработат, туку да им се помогне сами да дојдат до решенијата“, вели претставникот од УНДП, Луиза Винтон.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top