NSA ја шпионирала Angry Birds во потрага по други кориснички податоци

Angry Birds, една од најпопуларните игри за мобилни уреди им е омилена игра и на NSA и GCHQ. Американската агенција за национална безбедност, и нејзините британски колеги, редовно ја шпионирале играта во потрага по податоци од корисниците, според новите доверливи документи кои ги објави поранешниот аналитичар на NSA, Едвард Сноуден. Според документите, Angry Birds, која е една од најиграните игри со 1,7 милијарди копии, може да послужу како извор на повеќе податоци. Дел од апликациите се погодни за откривање на моделот на телефон, ID на телефонот, верзија на софтверот и слични детали кои се пренесуваат.

„Rovio нема никакви предзнаења за ова и не се запознаени за вакви активности од мрежите за рекламирање… Освен ова немаме никаква поврзаност со NSA и GCHQ“, велат креаторите на играта.

Податоците кои г. Сноуден ги сподели со New York Times, The Guardian и ProPublica, велат дека двете агенции од 2007 година бараат начин како да дојдат до податоците кои корисниите ги споделуваат со апликациите. Идеална ситуација е кога корисниците споделуваат фотографија на друштвените мрежи. Facebook и Twitter пред да ги објават сликите ги отстрануваат „мета податоците“, но бидејќи тие се на мрежата, NSA има начини да стигне до нив. Овие апликации им овозможуваат на агенциите да стигнат до далеку повеќе податоци отколку следње со колачиња.

Засега е нејасен обемот и податоците кои агенцијата ги собира од апликациите, но документ на GCHQ од 2012 година наговестува дека агенциите од телефоните можат да дознаат огромен број на податоци за корисниците, од нивната сексуална ориентација до нивната политичка приврзаност.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk