Производ на денот од Brainster: Запознајте ја Lily, дронот што ќе ве следи и слика

во Останато

(„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите)


Во свет во кој изобилуваат најразлични камери и селфи стапчиња, се чини дека нема потреба од уште некој технолошки изум, за луѓето да го потхранат својот нарцизам. Но, една нова камера ќе ги однесе работите на следното ниво.
Lily е најновиот модел на дронoкамера, која има за цел да ја „раздрма“ не само индустријата на беспилотни летала, но и индустријата на камерите. Таа е првиот во светот од типот „фрли и сликај” камера, која ви овозможува снимање на секаков вид на воздушни филмски фотографии и видеа, без потреба да се користи уред за пилотирање.

Користење на Lily вклучува уред за следење на субјект што сакате Lily да го следи, фрлање на Lily високо во воздухот, и потоа таа лета и ја слика/снима активноста која субјектот ја извршува. Lily користи GPS и компјутерска визија да ги следи вашите активности до 25mph и ќе ве има во центарот на кадарот. Беспилотното летало е водоотпорно и плови, овозможувајќи ви безбедно да го слетате во вода доколку имате потреба од такво нешто. Lily лесно се вклопува во ранец и тежи помалку од просечен лаптоп. Камерата може да фотографира со 12 мегапиксели, 1080p HD видео со 60fps и 720p/120fps забавена снимка. Внатрешната батерија овозможува снимање/сликање за 20 минути од секое полнење.

diagrams lily-camera

Во моментов Lily може да се пре-нарача преку официјалната веб страна и за сега се нуди по намалена цена од 799 долари. Кога ќе започнат со официјална продажба во февруари 2016 ќе чини 999 долари. Се испорачува и до Македонија, за испорака се доплаќа 40 долари, што значи дека за една Lily ќе треба да одвоите 839 долари. Колку од вас се спремни да направат селфи со Lily?

Среќно,
Brainster заедницата


Можеби ќе ве интересира:


Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk