Производ на денот од Brainster: Marbel e најлесното електрично возило

во ИТ.МК, Совети

(„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите)


Изминативе години сме сведоци на брзиот развој на технологијата. Во сферата на сообраќајот вниманието е насочено кон електричните возила почнувајќи од автомобилите, преку моторциклите, па се до велосипедите. Сите тие изгледаат преголемо во споредба со новопласираниот производ на компанијата Marbel – електричниот скејтборд Marbel board.

Marbel board е најлесниот и најбрзиот електричен скејтборд со модерен дизајн и најдобри перформанси до сега. Со тежина од 4,5 килограми и димензии 96,5×25,4х12,7 цм, Marbel развива неверојатна брзина од 40 километри на час. Штицата е направена од композитни карбонски влакна и во неа се вградени целата електроника и батеријата. Marbel board работи на литиум-јонска батерија и со полнење од само 90 минути може да помине и до 25 километри. Најдобро од се е што овој производ не е наменет само за урбана улична мрежа со минимален пад. Моторот со моќност од 2000W овозможува искачување на косини со нагиб и до 20%, а за високата безбедност при возењето тука се и сличните регенеративни електронски кочници. Возилото се движи на четири тркала, кои можат да се нарачаат во две димензии (76мм или 100мм) и во вашата омилена боја.

Интересно е тоа што можете да го поврзете Marbel board со вашиот паметен телефон за целосна персонализација на вашиот стил на возење, па дури и да ја следите вашата патека на возење. Проектот лансиран на 24 мај 2014 година направи успешна Kickstarter кампања каде од 542 вложувачи собра повеќе од 365 илјади долари. Добрата вест за сите оние кои сакаат да ја избегнат соораќајната џунгла и за љубителите на електричните возила е дека овој производ е во продажба, а цената му изнесува 1.300 долари.

Што мислите за функционалноста на ова возило? Или веќе размислувате за бојата на вашите тркалца?

Среќно,
Brainster заедницата

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk