1 коментар 2 мин. читање 8 мај, 2023

Кратки ИТ вести на денот: Забрана за TikTok во Македонија, Brainster Албанија, поевтин роаминг…

По несреќните случки изминатата недела во Србија, во Македонија се прошири шпекулација за потенцијална забрана на друштвената мрежа TikTok како платформа која има лошо влијание над денешните млади генерации. Од МИОА велат дека забрана на социјалната мрежа Тик Ток во државава ќе следи само доколку се донесе одлука на координирана активност со правосудните, образовните и безбедносните институции.

Останати кратки вести од ИТ индустријата за денеска се:

  • Македонскиот едукативен центар Брејнстер се прошири во Албанија. Брејнстер Албанија првично ќе отпочне со понуда на академијата за фронт-енд програмирање. прочитај повеќе
  • Деновиве голем број верификувани Facebook страни како профилот на Meta Ads се хакирани и преку нив се крадат податоци на корисници. прочитај повеќе
  • 38 телеком оператори од ЕУ и од Западен Балкан се согласија да го поевтинат роамингот. Mаксималната цена за 1 гига-бајт пренос на податоци во роаминг ќе биде 18 евра од први октомври, 14 евра од две-илјади-дваесет и шеста година и 9 евра од дваесет и осма година. прочитај повеќе
Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
TOMI
TOMI
3 years ago

Dali Iva e AI ? :)

Мени
Заедница
Изглед
To top