Еден од најголемите торент сајтови во светот, Кick Ass Torrents, е регистриран од Милоје Степаниќ, кој живее во студентски град во Белград. Но, нема студент со такво име на Тошиниот бунар, пишува српскиот Telegraf.rs.
Доменот е регистриран на тоа име и адреса, но се чини дека креаторите на сајтот како адреса оставиле само „еден од деловите од студентскиот град“, пишува српскиот весник. Наведената адреса Тошин Бунар бр. 149 е дел од вториот блок на студентскиот комплекс, но таму никој не слушнал за Милоје Степановиќ, ниту пак има такво име има во евиденцијата. Според студентите од блокот кои целиот случај го сфаќаат како шега, велат дека „не постои подобро место да се зезне администрацијата“ бидејќи сите кои живеат таму се водат според блоковите и влезовите, а не според бројот на адресата.
Лажното име воопшто не изнанадува бидејќи пиратскиот сајт е обвинет дека предизвикал штета од десетици милиони долари на филмската и музичка индустрија.








