Времето кога купуваме софтвер на CD-а e завршено, потврди Microsoft со претставувањето на својот нов Office кој наместо од DVD-ја, ќе се симнува дигитално. Популарниот софтвер кој се користи од една милијарда луѓе, ќе може да се купи на 162 пазари заедно со претплата за онлајн верзијата Office 365 која е наменета да ја задржи конкурентноста пред веб едиторите како Google Docs или Zoho Docs.
Препорачаниот пакет од Microsoft е Office 365 Home Edition за кој се плажа 100 долари годишна претлата, а имате пристап до онлајн верзијата на популарниот софтер и можност да го симнете Office 2013 на пет десткоп компјутери, Mac или PC-ja, кој ги содржи Word, Excell, PowerPoints, Outlook, Access, ОneNote и Publisher. Пакетот ќе има и 20 GB простор на веб складиштето SkyDrive и 60 бесплатни минути разговор месечно на Skype. Дополнително Microsoft ќе обезбеди бесплатни надоградби на софтверот. Секако дека има можност да го купите пакетот во готово, без претплата, и интересно ќе добиете физички пакет, но внатре ќе само код за симнување од веб. Цената за Office Home кој вклучува само Word, Excell, PowerPoints и One Note, е 140 долари. Office Professional 2013 со вклучен пристап до Office 365 ќе ве чини 400 долари. Но, вака купениот софтвер има лиценца за само еден компјутер.
[youtube]vG-BbiH6wSE[/youtube]
Клучот за успехот на најновиот Office e секако веб складиштет SkyDrive. Веб складиштата станаа неопходна алатка за брзо префрлување на фајлови и нивен пристап од било кој компјутер. Пример, отворете документ oд Skydrive, сега во Office има можност да снимате и отварате фајлови директно oд облакот, споделете го со колегите да го едитираат документот и да го снимат пак во SkyDrive, и вие без врска каде и да сте ќе имате пристап до тој документ, подготвен за печатење, споделување или уште едитирање. Во моментов нема Office за мобилни, но има поединечни мобилни апликации како Word и PowerPoint со кои може да се гледаат и едитираат документите.
Office 365 е алатката која ќе го префрли Microsoft на облакот, каде ќе може да се креира целосна софтверска платформа со пристап од било кој Windows 8 компјутер или Windows Phone мобилен телефон. Ова е храбар чекор за Microsoft, но и неопходен ако се погледне конкуренцијата која го прави истото.