Федералното истражно биро ја затвори најголемата пиратска библиотека

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Руските државјани Антон Наполски и Валерија Ермакова од Санкт Петербург се обвинети за нарушување на авторски права, онлајн измама и перење пари поради управување со Z-Library. Двајцата се уапсени овој месец во Аргентина по потерница распишана во САД.

Парот е уапсен на 3-ти ноември во Кордоба, Аргентина, и против нив треба да започне судски спор во САД. До Аргентина сѐ уште не е дојдено барање за екстрадиција, пренесе Torrent Freak, повикувајќи се на изјава на Руската амбасада.  

„Обвинетите незаконски заработувале од делата што ги украле, често објавувајќи ги само неколку часа по објавувањето. Во тој процес жртви се авторите, издавачите и продавачите на книги“, вели Бреон Пис, обвинител од Министерството за правда во Бруклин, Њујорк.

Z-Library е најголема пиратска веб-страница за е-книги. Сервисот има над 12 милиони книги и самите тврдат дека се најголема пиратска библиотека. Z-Library има и милиони читатели кои редовно ги читаат содржините од страницата. Во содржината беа вклучени од популарна литература до универзитетски текстови.

Страницата е затворена откако корисници на TikTok го користеле #zlibrary за да ја промовираат платформата како најдобро место за бесплатни книги. Здружението на писатели „Authors Guild“ се пожали до Канцеларијата на трговскиот претставник на САД на 19-ти октомври. Хаштагот во овој период имаше над 19 милиони прегледи.

Наскоро по ова сервисот престана до функционира и на место на содржина, сега ќе ве пречека известување дека доменот е затворен од Федералното истражно биро.

„Апсењето и обвинението против операторите на Z-Library е најголемиот напредок во борбата против криминалната пиратерија на е-книги онлајн досега. Благодарни сме им на Јавното правобранителство од источниот округ на Њујорк и на ФБИ за сета нивна напорна работа не само за затворање на страницата, туку и за пронаоѓање и апсење на сторителите“, вели претставникот на Authors Guild.

Z-Library е креирана пред 13 години. Функционираше како мрежа од 249 домени поврзани преку главната страница. Иако сега е недостапен на јавно достапниот дел од интернет и натаму постои на darkweb. Дополнително имејл адресите на Z-Library функционираат и остатокот на тимот одговора на пошта. Сега веќе е отворен и клон преку кој е достапна содржината.

Од септември оваа година Здружението на француски издавачи успеа во судски спор да ја блокира страницата во Франција. Истото во август го направи и Индија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk