0 коментари 1 мин. читање 30 јануари, 2013

Дали е ова поефтиниот iPhone?

Интернет зборува за нови информации за новата поефтина верзија на iPhone, со која Apple ќе ги таргетира корисниците кои не можат да си го дозволат iPhone, па одмираат поевтин Android телефон. Најновата фотографија доаѓа од iLounge која наводно е прикажан новиот модел на iPhone и се претпотавува дека би чинел од 99 до 149 долари

Новиот уред претставува мешавина од iPhone 5, iPod Touch и iPod Classic, ќе има 4 инчен екран, дното на уредот ќе биде како на петата генерација на iPod Touch, а целиот облик ќе наликува на iPod Classic.

Уредот, наводно во голем дел ќе биде направен од пластика, а не од алуминиум. На оваа варијанта за поефтин iPhone, пренесуваат разни медиуми, се одлучиле од компанијата за да се пробијат во Кина, каде што има голема понуда на паметни телефони со ниска цена.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top