Поминете го викендов со македонската Skopje ’83, релаксирачката SCHiM, или фармерската авантура Super Farming Boy

Нов викенд, нови (демо) игри со кои би можеле да се дружите!

Skopje ’83, од Dark-1

За викендот кој е пред нас ви препорачуваме да го проверите демото на талентираното македонско студио Dark-1. Оваа развојно студио направи огромни фанови од нас уште во 2018 година, кога бевме апсолутно одушевени од Odium to the Core. Не штедевме пофални зборови во нашата рецензија, а и со задоволство поразговаравме околу играта преку нашето интервју. Две години подоцна, пробавме да ископаме што е можно повеќе детали за Skopje, со што хајпот за играта стана посилен од кога и да е. Доколку и вие сте заинтересирани за најновото чедо на Dark-1, со задоволство ве упатуваме на официјалната страна на Steam, од каде ќе можете подетално да се информирате за играта, а и да го преземете демото и да видите дали играта го заслужува вашето внимание!

Како акциона авантура, Skopje ’83 е пукачка игра во прво лице со roguelite елементи и гејмплеј кој се заснова на нелинеарно истражување на светот. На располагање имаме малко поразлично Скопје – град кој е фрлен во безредие и е под константна опсада од мутирани суштества. За ефикасно справување со суштествата, ќе собираме најразлични материјали, ќе го надградуваме нашиот лик и ќе возиме автобус кој служи и како пренослива база на операции и како ефикасно засолниште од кошмарите кои демнеаат зад секое ќоше.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Dark-1
  • ИздаваPM Studios, Inc.
  • Жанр: акциона roguelite авантура
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: непознато

SCHiM, од Ewoud van der Werf и Nils Slijkerman

SCHiM е едно од најпријатните и најрелаксирачките инди изненадувања неделава. Преку едноставен, но чист дизајн и креативна игра со бои, чедото на Ивоуд и Нилс e смирувачка нирвана полна со скриени животни пораки. Во разиграниот свет ќе го управувате вашиот лик низ бројни ситни и значајни моменти, но и ќе управувате со вашата сенка. Скокајќи од сенка до сенка, вашата сенка ќе ви раскаже несекојдневна приказна.

Доколку го одгледавте трејлерот, тогаш точно знаете каква игра е SCHiM. Преку суптилни механики поврзани со скокање и лесни загатки, ќе навлезете во едно преубаво и, пред се, релаксирачко патување низ мајсторски дизајниран град. SCHiM се одликува со одлично демо! Проверете го тука!

Повеќе детали за играта

V Rising, за PS5, од Stunlock Studios!

И пред да го разгледаме третото демо, би сакале да ве потсетиме дека V Rising пали и жари на сите фронтови! Откако играта успеја да привлече легија од фанови на PC, насловот беше одлично пречекан и од PS5 фановите. На конзолата на Sony, V Rising се пофали со оценка од 4.5 и, како одлично оптимизиран наслов, им нуди на заинтересираните одличен хибрит помеѓу акциона RPG и survival игра. За V Rising пишувавме во неколку наврати, прво преку нашата рецензија, а потоа и преку интересен разговор со претставник од тимот.

По детално дружење и со PC и со PS5 верзијата, едноставно не знаеме која е посупериорната верзија. Се чини дека на PS5 боите се значително „поживи“ и одредени механики одлично се прилагодени за брз пристап преку контролерот.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Stunlock Studios
  • ИздаваStunlock Studios
  • Жанр: survival акција RPG
  • Платформа: Microsoft Windows, PS5
  • Излезе на: 11 јуни 2024

Super Farming Boy, од LemonChili Soft

А нашето трето демо, кое би сакале топло да ви го препорачаме викендов, доаѓа од талентираното студио LemonChili Soft. Како иновативна акциона игра со фармерски примеси, Super Farming Boy сервира предизвикувачки загатки поврзани со верижни реакции и адреналински комбинации.

Самите автори објаснуваат дека во Super Farming Boy нема алатки бидејќи вие сте ултимативната алатка која, со само едно копче, може да се трансформира во лопата, чекан или што и да ви е потребно во одреден момент. Сакате да летате? Можете и тоа! Најважно е да водите сметка за магичните суштества во светот кои, откако ќе бидат соберени предизвикуваат верижни реакции со различни последици. Работата на фарма не мора да е здодевна работа. Со Super Farming Boy навистина не е, проверете го демото тука!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: LemonChili Soft
  • ИздаваRenxo Europe Limited
  • Жанр: авантура, симулација
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: непознато

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk