3 причини зошто сега e одлично време да ја проверите V Rising

По неколку години, V Rising конечно излезе од раниот пристап на Steam.

Водено од значајни повратни информации од фановите, развојното студио Stunlock Studios, успеа да понуди квалитетен наслов со значајни и крајно забавни механики, нешто што беше често потенцирано и во нашето интервју со тимот.

Токму поради тоа, би сакале да ги истакнеме трите клучни причини кои ја поставуваат оваа игра на врвот на акционо-survival жанрот.

1. Акција!

Во поглед на битките, V Rising потсетува на Diablo. Комбинирајќи ладни оружја со импресивни магии, истражувањето и бројните пресметки надреално потсетуваат на чедото на Blizzard.

Најдобриот дел од ARPG системот за битки е тоа што секогаш откривате нешто ново! Цицањето крв од ретките сусштества ви дозволува да отклучувате најразлични дрвја со магии и способности. За многу брзо време ќе се најдете себеси како често експериментирате со билдови.

Покрај спротивставување со „нормални“ непријатели, ќе наидувате и на значително посупериорни противници. V Rising се одликува со над 50 босови. Секој од нив е уникатен на еден или друг начин и се одликува со предизвикувачки офанзивни и дефанзивни тактики.

Во зависност од типот на непријателот, крвтта која ја цицате ќе ви дава одредени привремени способности, како зголемени шанси за критички удари, повисока издржливост, и слично. Најдобриот дел со цицањето крв е тоа што крвтта на одредени животни ќе ви дозволи и да се трасформирате во таквото животно, со што играта зазема една поразлична димензија, особено кога елементите со прежувување ќе влезат во игра.

2. Survival!

Како што напоменавме, V Rising е делумно и survival игра. Диктирана од таквите правила, ќе биде потребно и да собирате најразлични ресурси, да градите импресивни замоци, со ефикасни алатки, опрема и машинерии, како и да го одржувате нивоа на одредени потреби, како што е потребата на замокот за крв.

Слично како системот со битките, и системот со градење почнува споро, со скромна листа од ресурски кои можете да ги собирате и со уште поскромна листа од работи што можете да правите и градите. За брзо време, меѓутоа, ќе можете да градите импозантни замоци и да ги пополнувате со најразлични предмети од естетска или функционална природа.

Ни се допадна и начинот на кој сонцето влијае на вашето здравје и ве охрабрува ноќта да ја резервирате за истражување, а денот за процесирање ресурси и создавање работи. Нормално, без проблем можете да истражувате и да напаѓате преку ден, но често ќе мора да ги ловите и сенките, а не сами непријателите.

Најголем проблем кај survival игрите е тоа што ќе направите импресивен камп или база или замок или што-и-да-е и потоа сте територијално врзани тука. Доколку застраните подалеку, потребно е или да правите нова база или да се враќате назав во старата, под услов да не постојат опции за телепортирање. Во V Rising, меѓутоа, кампот е онаму каде што сте и вие. Можете да го “носите“ со вас и потоа само да го „расклопите“ на новото место. Корисно, нели?

3. Приказна, графика и звук!

Овие три работи одлично се испреплетуваат една-во-друга. Како резултат, играчите се потопуваат во огромен имерзивен свет каде сите сетила се на напад.

V Rising крие преубав и прекрасно дизајниран свет кој се дави во богат лор поврзан за средновековното доба, вампири и други, бројни слуги на ноќтта. Благодарение на бројните биоми и флексибилните гејмплеј механики, константно ќе ја чувствувате потребата да истражувате.

Приказната почнува споро, со суптилно охрабрување да истражувате, да ловите суштества со драгоцена крв и да отклучувате моќни способности. Подоцна, наративнот зазема главна улога, ве зграпчува за ракавите и ве вовлекува во невообичаена приказна полна со мрачни мистерии.

Сево ова не би било ни приближно добро без мајстроски осмислените звучни елементи, како и релаксирачката музичка подлога која се има погрижено за целосна имерзија во огромниот и комплексниот свет.

3+ Корисни додатоци

V Rising нема никакви микротрансакции. Се работи за огромна игра полнa со активности кои можете да ги работите. Но, доколку сакате да си се подновите со фенси облека или дополнителни предмети за вашиот замок, тимот веќе исфрли неколку значајни додатоци:

Совршенство од игра

V Rising е игра која ги има сите силни точки на вампирите, а ниедна од нивните слабости. Колку и да се трудевме, не можевме да најдеме некоја значајна негативна работа. Дури и самиот енџин е одлично оптимизиран и нуди флуидни и константни фрејмови. Во случај да сте фанови на акциони и survival игри, V Rising го нуди најдоброто од двата света!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments