Разговор со Џереми Берсон за ултра популарната V Rising

Вампирите се ноќни животни. Доцните часови го разгоруваат нивниот потенцијал и допринесуваат до најефикасни часови полни со еуфорија. Часот е 03:12. По неколку-дневно дружење со V Rising, градење бројни тврдини, имплементирање вампирски способности и целосно фокусирање на моќтта на крвта, тешко ни е да не гледаме на разговорот со Џереми Берсон како на уште едно надреално искуство. Џереми е менаџер на заедницата за развојното студио Stunlock Studios. Кога го замоливме за краток разговор за нивната игра V Rising, пријатно се изненадивме од спремноста да се одговори на секое наше прашање. И, додека внимателно работиме на нашата рецензија, би сакале да споделиме дел од разговорот кој го водевме со Џереми.

Честитки за сè што постигнавте со V Rising, како сте задоволни со начинот на кој беше играта прифатена од гејмерите?

„Ви благодарам многу! Бевме воодушевени од првичниот прием на играта. Ваквата позитивна реакција беше константен извор на поттик за нас.

V Rising е нашата најуспешна игра досега, и крајно сме благодарни што толку многу луѓе се идентификуваат со нашата визија и го поддржуваат нашиот креативен проект.“

За помалку упатените, V Rising излезе во мај 2022 година и инстантно успеа да ги импресионира бројните гејмери со уникатната, преубава графика и комплексни survival механики сместени во детално дизајниран свет кој е полн со интригантен лор за вампирите. V Rising целосно го размрда жанрот со градење и преживување и успеа да задоволи легија од жедни гејмери, до тој степен да играта солидно стои на скоро 90% позитивни рецензии.

Мрачниот пат до успехот

Имајќи во предвид дека моментниот пазар е презаситен од survival игри, прашавме што е тоа што ја прави V Rising да се истакне од останати слични игри? Џереми ни објасни дека нивната игра „целосно ја превртува формулата и наместо вам да ве демнеат суштества во ноќтта, вие сте суштеството кое ги демнее сите останати.“

„Вообичаено, во игрите за преживување, се движите нагоре низ синџирот на исхрана и им приоѓате на многу работи од одбранбена перспектива. Во V Rising инстантно се зазема офанзивна перспектива. Вие сте предаторот, и ловите за да ја зголемите вашата моќ! Тоа ни овозможува да се фокусираме на акционата борба. Мислам дека ние, како студио, сме многу горди на нашата способност креативно да ја осмислиме и реализираме акцијата, на прилично уникатен начин и со голема длабочина успеавме да се истакнеме како една од најдобрите акциони RPG игри кои произлегле од survival жанрот.

Ова не принуди да го насочиме разговорот во поразличен правец, односно да прашаме дали има нешто, некоја механика или елемент која сакале да ја воведат во игра, но од некоја причина решиле сепак да ја скокнат.

Вусушност, имавме доста такви ситуации! Понекогаш работите ги исфрлуваме затоа што не ни оставаат впечаток како да треба да бидат дел од играта, понекогаш, пак, нема да можеме целосно да ги реализираме затоа што сме ограничени со времето. Да го земам за пример почетниот начин на кој функционираше нападот на замокот.

Не знам дали знаевте, но првично, идејата ни беше да користиме кутии со експлозив за да ги пробиеmе ѕидовите на замокот, но тоа не одговараше баш со вампирската естетика и беше премногу спонтано, а, со тоа, и ne функционираше совршено.

Го воведовме концептот на повикување големи (Golems, анг. прев.) кои вршат опсада врз другите замоци на вампирите бидејќи таквото нешто се чувствуваше помагично и и имаше поинтригантна преумисла. Едноставно многу подобро таквиот концепт се вклопуваше во фантазијата.

Кога сме во светот на фантазијата, инстантно решивме да прашаме што го има инспирирано тимот да ги осмисли световите во V Rising, како и бројните механики за преживување. Џереми ни објасни дека V Rising е игра која е целосно инспирирана од готскиот хорор кој произлегува не само од филмови туку и од бројни познати книги.

За градење на самиот свет позајмивме многу работи од природата која може да се најде во Шведска. На нашите уметници дури им требаше малку време да излезат до блиските шуми, да прошетаат, да „станат едно со природата“ и да извлечат соодветна инспирација.

Аспектите за преживување на играта се потпираат на обидот да им го дадеме на нашите играчи чувството дека се вампири во непријателски свет. Како најдобри примери за ова се постојаниот притисок да ја задржите вашата крв и правилно да се справите со жешкото присуство на сонцето над главата.

Некој омилен или незаборавен момент што би можеле да го споделите со нас за вашата игра?

Во однос на незаборавните моменти, има неколку, и сите тие обично се фокусирани на тоа што играчите доживуваат нешто за прв пат. Ова е нешто за кое не сум размислувал долго време, уште од првиот бета тест, дури пред да влеземе во изданието за ран пристап, што значи повеќе од две години.

На времето, сè уште никому не откривме дека промената на обликот е во играта, а гледавме како првите тестери мака мачеа со Ferocious Bear V Blood. Тоа беше херојска битка. И, на крајот, откако и ја исцедија крвта на мечката и ја добија нејзината моќ, реакцијата беше бесценета! Сите се претворија во мечки, трчаат во група, со зајдисонцето во позадина и врескаа: „Ние сме мечки, момци! Ние сме мечки!“

На целиот овој ентузијазам пријатно се надоврзавме и дека во Македонија има голем број талентирани развивачи. Едноставно моравме да прашаме за совет-два за нив:

Направете игра што сакате да ја играте, но не заборавајте дека создавате искуство за другите! Изберете тема што ја разгорува страста во вашиот тим, третирајте ги вашите ликови од играта како поп ѕвезди и создадете универзум што изразува идентитет.

Откако ќе ја пронајдете визијата со која највеќе резонирате, фокусирајте се да произведете нешто што ја подржува таквата визија. Нема да биде совршено, и ќе сакате засекогаш да се храните со тестенини, но на крајот од денот, треба да го загреете столчето и да ја завршите работата.

При крајот на нашиот разговор, сакавме и да прашаме за идните планови за играта. Како што сигурно знаете, V Rising излезе од раниот пристап, но тоа никако не значи дека Stunlock Studios тука и ќе застанат со работата.

Се надеваме дека ќе испорачаме барем уште едно ажурирање! Тешко е да се разговара за понатаму кога толку голем дел од нашиот фокус е да го извлечеме ова издание од раниот пристап, нешто за што навистина ги вложивме срцето и душата.

Би рекол да уживате во лудото искуство што ќе го доживеете сега, а да не се премногу фокусирате на она што ќе дојде потоа! Ќе има повеќе време да се зборува за тоа подоцна. Ќе има дури и верзија за PlayStation 5 наскоро!

За крај, дали би сакале да кажете уште нешто за вашата игра, за тимот или пак за некој што ви пружил неизмерна подршка?

Да! Најискрена благодарност до оние кои не следат од нашата прва објава до сега. Има толку многу познати имиња што се со нас долго време, и охрабрувачки е тоа што често ни се укрстуваат патиштата. Им се заблагодаруваме многу на бројните соработници што ги имавме на тој пат, сон беше да се работи заедно со такви талентирани луѓе кои ни помогнаа да ја промовираме нашата игра и што целосно веруваа во нас.

Исто така, топло добредојде за сите наши нови вампири што ги собравме на патот! Толку многу луѓе инвестираа многу од своето лично време градејќи неверојатни мали заедници околу нашата игра. И, секако, благодарение на вас што разговаравте со нас сега, вашите прашања беа прекрасни.

V Rising е надвор од раниот пристап. Проверете ја тука!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] прво преку нашата рецензија, а потоа и преку интересен разговор со претставник од […]

trackback

[…] Водено од значајни повратни информации од фановите, развојното студио Stunlock Studios, успеа да понуди квалитетен наслов со значајни и крајно забавни механики, нешто што беше често потенцирано и во нашето интервју со тимот. […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk