Русија жртва на украински сајбер напад – Меѓународниот кривичен суд со прв случај на сајберкриминал како воено злосторство

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Аеродроми и веб-страници на руски државни агенции беа дел од „жртвите“ на редок украински сајбер напад. Како последица од нападот доцнеа повеќе летови, а официјалната веб-страница на Думата на ставрополскиот регион осамна со слика на Црвениот плоштад „украсен“ со  украински знамиња и порака: „Држете се, ќе ве ослободиме!“. Нападнати беа и серверите на Федералниот совет на Руското федерално собрание и серверот на руските владини агенции.

За дата за нападот симболично е избран 12 јуни – Рускиот ден на независноста. Нападот резултираше со петнаесетчасовна  недостапност на страницата на московскиот аеродром Домодедово, но и на страниците на авиопревозниците Nordwind, S7 и рускиот државен авиопревозник Rossiya.

Одговорност за нападите презема украинската разузнавачка агенција GUR.

„Извршивме напади врз ресурси на аеродромот Домодедово, аеродромот Гагарин во Саратов и аеродромот во Јужно-Сахалинск. Како резултат на нападот, летовите се одлагаат. Патниците не може да летаат до Сочи, Бодрум и Москва. Авионите се пренасочуваат кон резервните аеродроми во Самара или Улјановск“, вели извор за Ukrinform.

На почетокот на јуни агенцијата изврши и DDoS напади врз веб-страници на руски корпорации и државни агенции, вклучувајќи ги и министерствата за одбрана и финансии.

Онлајн нападите врз Украина можни воени злосторства

Меѓународниот кривичен суд започна истрага која треба да покаже дали руските сајбер напади во Украина може да се сметаат за воени злосторства. Меѓународниот кривичен суд соработува со украински тим кој собира докази. Ова е прва истрага во која сајбер напади се разгледуваат како потенцијално воено злосторство.

Она што остава простор за отворање на истрагата е што нападите се направени врз цивилна инфраструктура. Доколку се пронајдат виновниците, истрагата може да доведе и до апсења. Иако главни осомничени за нападите се руски хакери, сепак нема потврда за ова.

Со сајбер нападите врз цивилната инфраструктура е нарушено снабдувањето со електрична енергија и вода. Ова е еден дел од злосторствата кои се разгледуваат од судот. Покрај ова, отворена е истрага и за спречување на комуникацијата за службите за итна помош, и прекини до мобилните интернет сервиси преку кои се издаваат тревоги за воздушни напади, вели претставник на судот за Reuters.

Иако имаше напади и пред 2022 година, фокус на истрагата се сајбер нападите по февруари 2022. Во дел од онлајн нападите по почетокот на рускиот напад врз Украина, повторно цел беше украинската инфраструктура.

Претходно, во 2015 година руски хакери успеаја да преземат контрола врз електрична централа во западна Украина. Според претставници на Меѓународниот кривичен суд и овие напади од 2015 година би можеле да бидат предмет на истрагата.

Руските претставници негираат какво било учество во организирање на овие онлајн напади.

Дури и да има осуда тешко е да се поверува дека ќе има казни за вистинските сторители. Русија (како и САД) не признава јурисдикција на Меѓународниот кривичен суд.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments