Оние што постојано жонлираат различни фајлови, линкови и бројни други документи знаат колку хаотична знае да биде целата таква процедура, особено кога ќе се дојде до скокање од една преку друга, па на трета локација, само за да го најдете тоа што го барате.

Dropshelf е алатка која се труди да ви помогне при справување со бројни фајлови така што преку влечи-пушти можете да поставите секакви фајлови, линкови, слики, или текст на ново-создадена полица на десктопот.

Всушност се работи за привремен простор за складирање во кој пуштате буквално сѐ што сакате за да полесно дојдето до истото кога ќе ви затреба. На овој начин, се елиминира потребата од шетање низ различни фајлови или отворање различни документи за сочувување текстови, слики и слично.

Полицата, односно табот останува на десктоп се додека ви е потребен, а се отвора секојпат кога ќе фатите фајл ќе го повлечете и ќе ја затресете стрелката на глувчето. Откако конечно ќе завршите со содржините во табот, можете да го исклучите и да го подготвите просторот за некој нов таб во иднина.








