Може ли вештачката интелигенција да ја предвиди следната инвестиција? Crunchbase мисли дека може

во Вести

Дали знаете дека во 2022 година, компаниите собрале помалку од половина од рекордните 154 милијарди долари обезбедени во 2021 година преку иницијални јавни понуди (IPO)? Поради падот од 45% во бројот на јавни понуди споредено со претходната година, стартапите имаа добра причина за загриженост. Денес се поставува прашањето, дали вештачката интелигенција може да ја предвиди следната голема можност на пазарот? Crunchbase мисли дека може.

Crunchbase, најпознат по својата база на податоци за финансирање на стартапи најави нова алатка. Платформата ќе користи вештачка интелигенција за да предвиди кога овие компании ќе соберат капитал, ќе бидат купени или ќе излезат на берза. Сепак, најголемиот предизвик за Crunchbase можеби е токму предвидувањето на сопствената иднина, пишува Wall Street Journal.

Компанијата e основана во 2007 година како краудсорс база на податоци. Во 2010 година заедно со TechCrunch беше купена од AOL, а од 2015 година повторно е независна. И покрај тоа што повеќе од една деценија нуди премиум услуги, ова е првиот поголем чекор кон иновација на нивниот главен производ – сеопфатниот сет на податоци за финансирање на стартапи.

AI алатка која ветува

Новата AI-платформа на Crunchbase користи податоци од 17 години работа за да предвиди движења на стартапите во Силициумската долина. Вештачката интелигенција користи сигнали кои јавноста не ги гледа—како на пример кога и кој уредува профил на компанија или зголемен интерес од инвеститори, вели извршниот директор на Crunchbase, Јагер Меконел.

Минатата година, Crunchbase со 74% точност предвиде дека AI стартапот Anthropic ќе обезбеди инвестиција. Два месеца подоцна, компанијата навистина собра 2 милијарди американски долари. Слично, за стартапот Coda предвиде 93% шанса за купување. Ова предвидување се оствари кога Grammarly ја купи компанијата.

Она што го издвојува Crunchbase од другите е пристапот до уникатни кориснички податоци генерирани од 80 милиони корисници. Ова се податоци кои јавните AI-платформи не ги поседуваат. Токму поради ова платформата може да направи попрецизни предвидувања за компаниите.

Сепак, не сè е така едноставно. На пример, предвидувањето кога стартап ќе пропадне е многу потешко, со точност под 50%, вели Меконел. Причина за ова е што компаниите иако имаат намален раст може да опстанат долго време. Па пропаѓањето е навистина тешко да се предвиди.

Кои се предвидувањата за Crunchbase

Во ера каде големите инвестициски фирми развиваат сопствени алатки за предвидување, прашањето е дали Crunchbase ќе успее да остане релевантен. Она што е клучно за иднината ќе биде колкава ќе биде довербата во предвидувањата.

Интересно во целата приказна е сопствената AI алатка на Crunchbase предвидува „многу веројатно сценарио“ – дека Crunchbase ќе биде купен. Дали ќе се оствари ова предвидување или ќе биде грешка, останува да видиме.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments