За разлика од Google Glass, кои се очила со проширена реалност преку кои може да снимате, сликате и сурфате, паметните контактни леѓи на Google, се наменети да им помогнат на дијабетичарите при мерење на нивото на глукоза во солзите.
Како што е опишано на официјалниот блог, Google во својата тајна X lab тестира прототипови кои се составени од два слоја на силиконс меѓу кои се вметнати безжичен чипо и минијатурни сензори за глукоза. Сензорите прават мерења на солзите на секоја секунда. Научниците на Google бараат начин како да вметнат и интегрирани LED диоди кои ќе можат да светнат кога нивото на глукоза ќе ја надмине границата.
„Се уште е рано за ваква технологија, но ние веќе направивме неколку клинички истражувачки студии кои ни помогнаа да ги подобриме прототиповите. Се надеваме дека еден ден ова ќе биде начин за луѓето со дијабетис да ја менаџираат својата болест“, вели Google.
Интересно, Verge забележува дека паметни контактни леѓи кои ги следат виталните знаци всушност не се нешто ново како технологија, ниту пак Google се пионири во тоа. Microsoft и Универзитетот на Вашингтон претставија слични контактни леѓи уште во 2011-та година.








