Властите сè уште не знаат како ќе ги блокираат странските сајтови за коцкање

во ИТ.МК

Се дигна доста прашина по соопштението на Владата на Македонија дека ќе ги блокира странските сајтови за обложување и игри на среќа, во корист на локални вакви сервиси предводени од нова „Државна видео лотарија“. Целта на таа легислатива е да се спречи одливот на парите од државата, и да се најде начин да се оданочат добивките. За многу корисници, блокирањето на сајтови е прв чекор кон воведување на цензура бидејќи ќе се креира механизам со кој ќе може да се блокира пристапот. Но, властите велат дека „оневозможувањето“ на сајтовите се однесува само на онлајн коцкањето.

За „оневозможувањето“ на страните ќе бидат овластени Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Но, властите велат дека во моментот не се сигурно како технички ќе го спроведат блокирањето, или како што е официјалниот термин, како ќе се „зајакне регулацијата во оваа дејност“. Портпаролот на ИТ министерството, Мишко Талески, вели дека инстутициите имаат период од две години да најдат соодветно решение за ова блокирање кое ќе биде направено според искуствата на европските земји.

„Во делот на оневозможување на играњето на интернет игри на среќа на странски сајтови и странски веб страници, ќе ги земат предвид позитивните искуства на земјите членки на ЕУ и на САД. Имено, во период од две години од стартот на овој процес, надлежните институции ќе вршат анализи и согледувања за да се избере најдобриот модел врз основа на странските искуства, кој ќе овозможи зајакнување на регулацијата во оваа дејност“.

Но, г. Талески додаде, по наше прашање, дека направените анализи и конечното решение нема да се однесува во блокирање на други странски сервиси кои нудат разни услуги за кои постои интерес од македонските корисници, туку целиот процес се однесува на предвидениот проект за интернет игрите на среќа и обложувалници.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
иван
иван
12 years ago

Ако Блокира АЕК нема спас !

Трајко
Трајко
12 years ago

Многу лесно може да се заобиколи секоја забрана, така да целиот тој трошок за опрема и се што треба за да се "имплементира" ова ќе падне во вода, или поточно на трошок на граѓаните.

doc
doc
12 years ago
Reply to  Трајко

Kako, mene mnogu me interesira???