Google ќе претвори дел од своите канцеларии во центри за вакцинација

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Google во соработка со One Medical и претставниците на јавното здравство ќе претвори дел од своите канцеларии во центри за вакцинација. Компанијата ќе донира и 150 милиони долари за промоција на едукација за вакцините и дистрибуција.

Дел од канцелариите во Сан Франциско, Лос Анџелес, Њујорк, ќе бидат претворени во клиники за вакцинирање. Покрај зградите, за оваа цел ќе бидат користени и паркинзите, и останатиот отворен простор. Со ова Google се надева дека ќе помогне да се забрза вакцинацијата на населението, и состојбата побрзо да се врати во нормала.

„За време на пандемијата Google им помогна на луѓето да дојдат до информации како нивните фамилии да бидат здрави и безбедни. Ги поддржавме малите компании, и за да го спречиме ширењето на Ковид-19 во целиот свет, во партнерство сo Apple, креиравме технологија за нотификации за изложеност. Сега кога претставниците на јавното здравство ги зголемуваат напорите за вакцинација, наоѓаме нови начини да помогнеме“, пишува Сундар Пичаи на блогот на Google

За информирање и едукација на населението, Google ќе донира 100 милиони долари во грантови за рекламирање на Центaрот за контрола на болести (CDC) и Светската здравствена организација. Ова ќе помогне за полесно да се пронајдат локални релевантни податоци, пример, информации за тоа каде луѓето може да се вакцинираат. Компанијата ќе донира и 50 милиони долари во партнерство со здравствените агенции за подобро информирање на изолираните заедници.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk