Обама ги најави реформите во NSA; ќе има лимит на податоците кои ќе се собираат

Американскиот претседател Барак Обама во петок ги најави реформите на Агенцијата за национална безбеднсот (NSA), која, според доверливите документи објавени од поранешниот аналитичар Едвард Сноуден, нелегално ги прислушувале и граѓаните и странските институции. Г. Обама ја најави транзицијата од сегашниве разузнавачки програми во други кои ќе ја почитуваат приватноста и граѓанските слободи.

Реформите предвидуваат намалување на обемот на податоците кои се собираат од телефоните и имејл сервисите. Овие податоци NSA ќе ги чува само привремено на локација која ќе биде одредена од Конгресот, пренесува CNN. Претседателот сака податоците кои ги собира NSA да ги чуваат трети институции, не агенцијата. При секој пристап до податоците, NSA ќе мора да добие дозвола од Судот за разузнавачко набљудување. Според г. Обама, владите „не треба да собираат купишта сурови и приватни лични информации за индивидуалци за да можат да ги пребаруваат во иднина за цели на странски разузнувачи“.

Ќе бидат воведени и нови ограничувања за шпиунирање на странски граѓани и странските лидери. Не-американските интернет корисници ќе треба да се набљудуваат само ако се опасност за националната безбедност, и треба да има осигурување дека не се таргетираат луѓе заради религиозни и политички цели. Доверливите документи открија дека NSA ги шпионира личните телефони на 35 светски лидери, вклучувајќи ја и германската канцеларка Ангела Меркел која го предупреди г. Обама дека „треба доверба за пријателствата“.

NSA останува на ставот дека целото прислушување и шпионирање се прави со цел да ги сопрат потенцијалните терористички напади, и безбедност на Соединетите американски држави.

[youtube]q7DBgtQOdPo[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk