Сигурно некогаш ви се случило цел ден песна да ви сврти во главата. „Hum to search“ ќе ни помогне едноставно да ја пронајдеме оваа песна.
Нова функционалност на пребарувањето на Google за паметни телефони препознава песни ако ги потпевнувате, свиркате или нешто помеѓу. Начинот на функционира е едноставен. Го активирате гласовниот асистент со „Ok Google“, и потоа го прашувате „What’s the song“ или ако веќе ви е надграден пребарувачот има ново копче „search a song“.
За жал се чини дека сè уште функционалноста функционира единствено за најпопуларните песни. Ако се обидете да пронајдете некои од македонските хитови тоа нема да ви успее (или барем на нас не ни успеа со неколку).
Она што е импресивно е дека не се потребни ни совршена интонација, ниту совршен ритам, ниту стихови. Сè што треба е да „испеете“ 10-15 секунди и ако може асистентот ќе ја препознае песната. Потоа прилично вообичаено ги гледате резултатите и може да ја пуштите директно од пребарувачот.
Кога потпевнувате мелодија во pребарување, нашите модели за машинско учење го трансформираат аудиото во низа броеви што ја претставува мелодијата на песната. Нашите модели се „тренирани“ да идентификуваат песни засновани на различни извори, вклучувајќи пеење, свиркање или потпевнување на луѓе, како и студиски снимки. Алгоритмите ги отстрануваат сите други детали, како придружните инструменти и бојата на гласот и тонот. Она што ни останува е низата базирана на песната или отпечатокот, велат од Google.