Пиратеријата го уништува бизнисот на развивачите на Android игри

Со преку 400 милиони Android уреди на кои секојдневно им се приклучуваат уште 1 милион нови корисници, овој мобилен оперативен систем денес е и најкористениот. Сепак, иако има најмногу корисници на Android OS, програмерите не се задоволни од продавањето на своите игри во Google Play маркетот. Иако станува збор за игри кои некои чинат само 0,99 долари (околу 50 денари), развивачите велат дека пиратеријата е главен фактор за слабата продажба на своите игри.

Последна компанија која ја отвори оваа тема е Madfinger Games (иронично имаат лого со пиратче) кои ја развиваат играта Dead Trigger. Играта официјално е објавена на почетокот на јуни за минимални 0,99 долари, но токму пиратеријата ги натерала да го променат планот и да започнат да ја „продаваат“ бесплатно.

„На почетокот се стремевме да ја направиме оваа игра достапна за што е можно повеќе луѓе – затоа и ја продававме толку евтино.“, вели Madfinger Games на својот Facebok профил.

Сепак, играта не е целосно бесплатна и во неа има предлози што ги тера корисниците да купат одреден елемент. Цената на iOS верзијата останува непроменета, односно – 0,99 долари, и како и Android верзијата, и таа содржи материјал што дополнително се плаќа.

[youtube]WcecaYEXTXw[/youtube]

Вината за големиот број на пиратирани апликации за Android најверојатно лежи во тоа што Google не ги проверува апликациите кои се објавуваат на Google Play, за разлика од Apple кој има строга процедура. Но, не помага и што Аndroid уредите се поевтини во однос на тие од Apple, и се користат во земјите во развој и земјите кои имаат проблеми со законот за пиратерија, меѓу кои е и Македонија.

Ова не е прв случај некоја компанија да се пожали за пиратизирање. Претходно иста реакција имаше и од Sports Interactive, компанија која стои позади развојот на Football Manager.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk