Holodeck ќе ја претвори реалноста во 3Д виртуелен свет

2 коментари 1 мин. читање

Тим на истражувачи на Универзитетот во Јужна Калифорнија се обидува да го направи реален Holodeck од Star Trek. Целта на Holodeck е да се создаде симулатор на виртуелна реалност од 360 степени.

Овој систем користи гејминг слушалки од 105 степени, 3Д поглед, движењата на играчот ќе бидат следени со сензорот од PlayStation – Playstation Move, додека движењата на рацете ќе бидат следени од контролерот на Razer – Hydra Sixense.

„Ова не е како да гледате подвижна телевизија – ова е вистинско претопување на еден виртуелен свет со симулирана периферална визија.“, објаснува тимот за Eurogamer.

Во моментот од тимот разговараат со неколку гејминг компании и Disney за целата оваа идеја да се претвори во вистински продукт.

[youtube]JVXC-A9UxvY[/youtube]

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед