Во меѓународна акција затворена пиратска платформа со 22 милиони корисници

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.ЕУ

Во заедничка меѓународна акција е затворен пиратски сервис кој имал 22 милиони корисници и заработувал повеќе од 250 милиони евра месечно од пиратски содржини. Затворената платформа е една од најголемите сервиси за стриминг кои оперираат во и надвор од Европската Унија.

Акцијата ја предводеа италијанската Полициска агенција за поштенски и  сајбер-криминал, Europol и Eurojust, и во неа под истрага биле 102 осомничени, а 11 од нив се уапсени. Уапсените стримале содржина илегално вклучувајќи и филмови и серии. Покрај ова, на платформата биле присутни над 2500 телевизиски канали вклучувајќи и спортска содржина. Покрај нарушување на интелектуална сопственост, уапсените се сомничат и за перење на пари и сајбер криминал. За овие обвинувања нема докази, но се дел од истрагата.

Дел од каналите и сервисите кои се жртви на групата се и SKY, DAZN, MEDIASET, AMAZON Prime, NETFLIX, PARAMOUNT, DISNEY+.

„Над 270 милиционери од агенцијата за поштенски и сајбер-криминал во соработка со странски агенции за спроведување на законот извршија 89 претреси во 15 италијански региони, и уште 14 дополнителни претреси во Обединетото Кралство, Холандија, Шведска, Швајцарија, Романија, Хрватска и Кина, вклучувајќи 102 индивидуи.“, пренесе Bleeping Computer.

Девет од уапсените се од Хрватска. Во Англија и Холандија се идентификувани тројца администратори на ИТ мрежи и 80 контролни панели за IPTV. Според проценката, обвинетите Хрвати успеале да дојдат до 5,98 милиони евра, а на носителите на авторски права им е нанесена штета од 1,9 милиони евра.

„Апсењата и спроведувањето на итни доказни дејствија се резултат на кривична истрага спроведена од Службата за сајбер-безбедност на Управата за криминалистичка полиција и полициската управа Сплит-Далмација по налог на УСКОК.“, пренесе УСКОК на својата веб-страница.

Полициските служби проценуваат дека годишната финансиска штета од овие нелегални активности изнесува над 10 милијарди евра. Пиратските содржини биле дистрибуирани преку голем број веб-страници за стриминг, а корисниците плаќале преку мрежа на продавачи и дистрибутери.

Во акцијата се вклучени полициски служби од Бугарија, Хрватска, Франција, Германија, Италија, Холандија, Романија, Шведска, Швајцарија и Обединетото Кралство.

Запленети сервери и криптовалути

Во акцијата „Taken Down“, властите запленија повеќе од 2 500 нелегални канали и сервери, вклучувајќи девет сервери во Романија и Хонг Конг. Запленети се и криптовалути во вредност од 1,65 милиони евра и дополнителни 40000 евра во готовина.

Истрагата, која траела две години, открила дека криминалците користеле шифрирани апликации за комуникација, лажни идентитети и фалсификувани документи за да избегнат откривање.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments