LinkedIn традиционално ја претстави листата на работни вештини кои биле најбарани од работодавачите во 2014 година. Податоците доаѓаат од анализа на 330 милиони корисници на LinkedIn и интересот на работодавачите за нивно вработување. Најбарани во 2014 година се експертите за статистичка анализа и податочно рударење. Компаниите кои станаа дел на Samsung и Google како и HomeKit на Apple како и преносните компјутери, допринесоа дел од професиите да се прераспределат на листата. А на листата се поместија и професиите поврзани со стримањето на ТВ, вели ReadWrite.
Ако имате вештини во некои од овие области, а немате LinkedIn профил, тогаш можеби е време да го креирате својот профил, со оглед на тоа дека најчесто најбараните професии во топ-25 листата ретко се менуваат:
- Статистичка анализа и податочно рударење;
- Middleware и софтвер за интеграција;
- Системи за складирање и управување;
- Мрежна и информациска безбедност;
- SEO/SEM маркетинг;
- Бизнис „разузнавање“;
- Развој на мобилни уреди;
- Веб архитектура и развој;
- Дизајн на алгоритми;
- Perl/Ruby/Python;
- податочно инженерство и складирање на податоци;
- Маркетинг и менаџмент кампања;
- Mac, Linux и Unix системи;
- Дизајн на кориснички интерфејс;
- Регрутирање;
- Дигитален и онлајн маркетинг;
- Компјутерска графика и анимација;
- Економија;
- Java-развој;
- Канал маркетинг;
- SAP ERP системи;
- Дизајн на интегрирани кола;
- Shell Scripted јазици;
- Развој на видео игри;
- Виртуелизација.








Бизнис „разузнавање“ != http://en.wikipedia.org/wiki/Business_intelligenc…