Спонзорирано

Што значи целосно флексибилно работно време во Web Factory?

Спонзорирано од WebFactory

во ИТ Кариера, ИТ.МК, Спонзорирани

Web Factory е IT компанија која е присутна на македонскиот пазар 13 години и моментално има 60+ вработени со главната дејност – целосен развој на софтверски решенија, вклучувајќи 100+ проекти во ФинТек индустријата, здравството, забавниот сектор и други индустрии, за повеќе од 50 клиенти од Јапонија, САД, Канада и Европа. 

Моментално има отворено неколку позиции на програмери со различни работни задачи. На секој оглас за која било од тие позиции, во описот стои „Целосно флексибилно работно време. Ти решаваш кога е време за работа. Ние ти веруваме дека ќе ја завршиш работата во твојата 40 часовна работна недела.“ Но, што значи тоа подетално?

“Целосното флексибилно работно време во Web Factory постои од самото основање на компанијата, уште 10 години пред Covid-19 пандемијата. Ни беше јасно дека работата не е линераен процес и не може да се смести во рамката од 9-5. Флексибилноста на работното време ни овозможува на сите да ја реализираме нашата креативност кога тоа најмногу ни одговара и ни ја дава слободата да си го организирамe денот. Отсекогаш сум верувал дека не треба да броиме часови туку колку е значајно тоа што сме го завршиле и да имаме балансиран work/life.” – вели Илија Лалковски, CEO на Web Factory.

Горан, Мариана и Питер решија да го искористат убавото време во работен ден за тура до Матка

Но, колку и како ја користат оваа можност членовите на тимот во Web Factory?. 

Флексибилното работно време е особено привлечна бенефиција во Web Factory и се користи максимално. Некои сакаат да почнат со работа рано за да имаат слободно време во остатокот од денот, други пак сакаат утрото да го искористат за себе, па подоцна да почнат со работа. Флексибилното работно време многумина го користат за да направат подолги паузи и за време на работниот ден, во кои можат да завршат значајни приватни обврски или пак едноставно да поминат време со своите најблиски. За нас е поважно тие да не се чувствуваат ограничени во дадена временска рамка туку самите да го креираат своето совршено работно време кое најмногу одговара на нивните преференции. Вредно е да се спомене дека сите членови на тимот за нивната достапност т.е. нивните отсуства се координираат со клиентите на проектите на кои работат и со остатокот од тимот. Целта е да се креира атмосфера каде нема да бидат зависни од менаџментот, туку тимски да се организираат со цел подобро менаџирање на времето и подобро прилагодување кон своите потреби. – објасни со неколку примери Ивана Кипријановска, Head of People Operations и Recruiter во Web Factory.

Дворчето е секогаш отворено за собиранки, во кој било период од денот

Реакциите на новите вработени кога дознаваат дека имаат можност да започнат и завршат со работа кога сакаат во текот на денот и да прават паузи кога сакаат, без временско ограничување се исто така доста интересни.

Секако тоа го прифаќаат многу позитивно. На почетокот им треба некое време за приспособување, посебно ако доаѓаат од поголема компанија. Се случува да ги збунува што значи целосно флексибилно работно време, но откога ќе ги почувствуваат бенефитите од него, не сакаат да се вратат назад на фиксно работно време или пак „клизно“. Коментарите кои ги добиваме се дека конечно може да ги завршуваат обврските кои се надвор од работното место, без да се брзаат за да не задоцнат или пак да не земат слободен ден само за да одат на лекарски преглед. Наместо да чекаат гужви, тие одбираат кога сакаат да одат да ги завршат обврските, додека повеќето се на работа. Исто така, многу позитивни коментари добиваме и од вработените кои имаат семејства, посебно тие со мали деца. Сега тие може да посветат време за игра во текот на денот и да продолжат со работа кога сакаат. – додаде Ивана. 

За да дознаете повеќе, за работата и искуствата, како и отворените позиции, посетета ја веб страницата на Web Factory.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на WebFactory. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]