0 коментари 2 мин. читање 26 декември, 2014

Гејминг турнирите треба да се дел од Олимпијадата, вели креаторот на WoW

Компетитивното играње на видеоигри – односно е-спортот, треба да биде додаден на Олимписките игри, вели Роб Пардо креатор на World of Warcraft, за BBC.

„Видеоигрите се во одлична положба да бидат спорт привлечен за гледачите. Начинот на кој гледате на е-спортот е дека се потребни вештини за компетитивно натпреварување, а и рефлексите на играчите се како молња, дури и одлуките кои ги прават се зависни од ситуацијата на теренот“, вели г. Пардо.

Но, сево ова може да се каже и за други спортови кои не се присутни на Олимпијадата, на пример возачите на Формула 1 имаат подеднакво брзи рефлекси, се прилагодуваат на секоја ситуација на патеката, а и спортот е интересен за гледање, но сепак досега не се сеќаваме дека некој побарал Формула 1 да биде олимписки спорт барем и со една трка. Можеби споредбата со шахот која ја прави ВВС е далеку поадекватна, дури и е-спортот да биде прифатен како олимписки тоа нема да значи дека ќе биде присутен на Олимпијадите. Како и шахот, голем дел од видеоигрите како Starcraft се стратешки игри, а за нив засега нема простор на олимпијадата. Таква несомнено ќе биде и положбата на компетитивните видеоигри дури и да бидат прифатени како олимписки спорт, тешко е веројатно дека во догледно време ќе имаме можност да ги гледаме натпреварите на Олимпијада.

Можеби вистинското прашање е дали воопшто е потребно прифаќање на видеоигрите како Олимписки спорт. Натпреварите се одржуваат пред преполни стадиони, а милиони ги следат преносите преку Twitch и слични сервиси, дополнително дел од спортските канали како ESPN започнаа да пренесуваат натпревари во е-спорт во живо.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top