Оверклокувана EVGA GeForce GTX 780 постави нов рекорд на 3DMark тестови

EVGA, компанијата која произведува ребрендирани Nvidia картички и Intel матични плочи, сега е креатори на најбрзата графичка карта во светот. Станува збор за EVGA GTX 780 Ti која оверклокувана работи на фрекфенција од 2025 MHz, што овозможува перформански кои претставуваат нов рекорд на 3DMark тестовите, пишува Tom’s Hardware.

Рекордот го поставиjа двата најпознати експерти во оверклокување, Винс K|NGP|N Лусидо и Илја Tin Тсеменко. кои графичката карта ја тестираа со Intel i7 4960X прецесор оверклокуван на 5.6GHz, 16GB G.Skill DDR3-1600 RAM меморија на 1199.8MHz, и 120GB G.Skill Phoenix III SSD. Оперативниот систем на кој е направен 3DMark рекордот е Windows 7. Рекордот е постигнат со оцени од 8.793 на 3DMark Fire Strike Extreme, ,9.230 на графичкиот тест, 20.892 на физичкиот тест, и комбинирана оцена од 3.954.

Кога станува збор за оверклокувањето тоа вообичаено бара и подобро ладење, но овојпат заради екстремните промени, ладилникот е целосно заменет. Компанијата која ја направи графичката картичка токму за корисници кој сакаат да ги исцедат можностите на својот хардвер. препорачува за сериозно оверклокување ладењето да се замени со водено или ладење со раствор од течен азот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk