0 коментари 2 мин. читање 11 јули, 2014

Apple Health ќе мери се во iOS 8, дури и кафеин и поминати чекори

Новата верзија на бета iOS 8 доаѓа со значително подобрување на Health апликацијата која ги користи предностите на Health Kit кој Apple го најави на WWDC 2014. Apple се одлучи наместо надворешни апликации за дел од функционалноста да ги користи можностите на M7-процесорот. Пред се станува збор за броење на чекорите кои отсега може да се рагледуваат директно, без потреба од други апликациии, што досега не е случај.

Брзиот процесор M7, за жал достапен само во новиот iPhone 5S, овозможува iOS 8 да ги преземе и презентира чекорите директно од уредот. Освен ова М7 ги помни чекорите во период од една недела па може да ја пополни листата со нив, јави 9 to 5 mac.

Покрај ова додадена е нова категорија во хранливите состојки, кој ќе можат да го мерат и внесувањето на кафеин. Внесувањето на кофеин не се мери првпат, но досега за ова корисниците требаа да користат различни апликации. Собирањето на сите слични фитнес и функции за подобро здравје како на пример исхраната, е можна подготовка за паметниот часовник кој Apple го најави за до крајот на годината, иако Тим Кук објави дека нема да брзаат со новите продукти и да ги издаваат пред да бидат готови.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top