0 коментари 2 мин. читање 11 јули, 2014

Дизајнот на продавниците на Apple сега е заштитен и во Европа

Apple има уникатни продавници, кои се дизајнирани да одговараат на брендот кој што го претставуваат. Затоа компанијата издејствува изгледот и распоредот на Apple продавниците и во Европа да биде заштитен како заштитен знак на компанијата. Решението доаѓа од судот во Брисел кој само ја потврди одлуката на американскиот суд за заштита на продавниците како интелектуална сопственост, јавува Wall Street Journal.

Иако изгледа смешна, одлуката на судот се темели на неколку заклучоци: продавниците претставуваат симбол, можат графички да бидат претставени и по нив може да се препознае робата или услугите кои се нудат во продавницата, за разлика од друга продавница. Одлуката на судот ќе и овозможи на компанијата да ја спречи конкуренцијата да го копира изгледот на продавниците на Apple. Сепак судот додава дека ова ќе мора да биде разгледано за секој случај посебно од релевантни институции.

„Од ова судот заклучува дека репрезентацијата на распоредот на продавницата единствено по дизајнот без големина и пропорции може да заштитен знак за услугите“, вели судот.

[youtube]0ldZr7FFFFc[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top