Основачот на најголемата руска мрежа ВКонтакте живее во прогон

во Свет

Павел Дуров, поранешен херој претприемач во Русија и креатор на најголемата руска друштвена мрежа ВКонтакте, сега смета дека е во немилост на руските власти, па своето време го поминува селејќи се од една во друга држава, јави New York Times.

„Имаа оружје и изгледаа сериозно… Изгледаше дека сакаат да скршат вратата“, вели г. Дуров за моментот кога руските специјалци се појавиле на вратата на неговиот дом во Санкт Петерсбург. Оттогаш „рускиот Закерберг“ се појавува на конференции во западните држави од Лондон до Сан Франциско, претставувајќи ја новата апликација Telegram наменета за приватни и безбедни разговори.

„Најдобрата работа во Русија бо ова време (2006) беше што Интернетот беше потполно нерегулиран. На повеќе начини бевме полиберални од САД“, вели г. Дуров. За жал со доаѓањето на Владимир Путин на власт ова се промени, државата престана да гледа на Интернет како на можност за алтернатива на нафтената индустрија и можност за поразнолика индустрија во Русија.

Од пред неколку месеци VKontakte е во сопственост на Mail.ru најголемиот интернет провајдер во Русија, кој е сопственик и на втората руска социјална мрежа Odnoklassniki. Дури и поред ова г. Дуров се жалеше дека Vkontakte е под целосна контрола на Владимир Путин.

„Во времето додека бев во Русија, посетував многу богати луѓе. Посетував големи бродови, приватни авиони, куќи – убеден сум дека не ги сакам овие работи за себе. Среќен сум вака, без имот… Се сметам за жител на целиот свет“, додава Павел Дуров.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Хикс
Хикс
11 years ago

"Интернетот" бе дечки. Се членува зборот. Поздрав

види ги сите огласи на kariera.it.mk