И покрај санкциите Русија пронаоѓа начин да увезе чипови

Повеќе од една година речиси без престан војната во Украина продолжува со несмален интензитет. Оваа недела ја одбележува руската офанзива во источна Украина. САД и дел од државите од Европската унија се обидоа да направат притисок врз Русија преку санкции, но истите не вродија со плод, а веројатно една од причините за ова е што Русија успеа да пронајде начини да ги заобиколи.

Еден од најпроблематичните производи во овие санкции се чиповите и интегрираните електронски кола. Русија не произведува ни блиску до потребниот број на чипови за да ги покрие своите потреби. Санкциите се прекршуваат, а некои од извозниците, на пример Кина, воопшто не ги поддржаа санкциите. САД се заканија дека ќе воведат санкции и за државите кои ѝ продаваат некои од микрочиповите на Русија, пренесе Wall Street Journal. Интересно, покрај Кина еден од најголемите центри од кои чиповите влегуваат во Русија е Турција, држава која е членка на НАТО.

Во време на санкции увозот на микрочипови во Русија во период од јануари до септември 2022 рипнал на 2,45 милијарди долари. Претходната година оваа бројка е проценета на 1,8 милијарди долари. Најголем раст во периодот е увоз од Кина и Хонгконг. Увозот од Кина рипнал од 200 на над 500 милиони долари, а од Хонгконг од 180 на 400 милиони долари. Во истиот период најголем е падот на увоз од САД, Германија и Обединетото Кралство.

Извезуваат и држави од соседството

Ситуацијата со кинеските чипови е јасна, Кина никогаш не ги прифати санкциите, и никој веројатно не очекува дека ќе престанат да ги извезуваат. Поголем проблем е што Русија успева да увезе чипови и интегрални кола кои се произведуваат во држави кои ги поддржале санкциите. Овие делови стигаат до Русија преку Турција, Казахстан, Обединетите арапски емирати, но и од Србија.

Русија во минатото во периодот од 2017 до 2021 увезувала чипови и интегрирани кола со просечна вредност од 163 милиони долари годишно. Најголем дел се произведени во Европа, САД, Јапонија. По воведувањето на санкциите увозот се намали на 60 милиони долари. Речиси истовремено рипна увозот од држави кои традиционално не извезуваат, но и не произведуваат чипови. Анализата на податоците покажува дека недостатокот на чипови се надминува со увоз од држави од Источна Европа и Централна Азија.

Најдобар пример за пренасочувањето и продолжениот увоз, но влез во Русија од друга држава е Казахстан, вели Bloomberg. До 2022 Казахстан извезувал полуспроводници во вредност од 12 000 долари. Минатата година извозот нагло порасна на 3,7 милиони долари.

Голем дел од робата, ова важи за полуспроводниците, но и за голем дел останати производи во Русија, се извезува илегално. Извозниците користат различни модели да ја скријат крајната дестинацијата на стоката.

Дел од државите членки на Европската Унија бараат ригорозни казни за прекршителите на санкциите. Во Летонија прекршувањето на санкциите е кривично дело, но во останатите држави во Унијата не е. Прекршителите едноставно можат да се префрлат во некоја од државите со помали казни и да извезуваат оттаму.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments